НајООР избор: олимписки додекатеон, мерни единици (тарзија), рецептори за светлина, и математичка соба – „escape room“

Продолжуваме со издвојување на ресурси изработени од учесниците во конкурсот, и ве охрабруваме и понатаму да создавате отворени образовни ресурси, кои го подобруваат квалитетот на образованието за сите ученици, особено учениците кои често немаат пристап до традиционалните наставни помагала – учебниците, и се потпираат токму на вашите ресурси, и интернетот, со цел да ги продлабочат своите знаења. Ви благодариме!

Овојпат ви ги претставуваме дел од ресурсите на Ненад Начковски, Силвана Јакимовска Бинова, Андриана Димитров, и Адријана Тодорова, сите високо-пласирани учесници на нашиот конкурс.

Од Ненад Начковски, од ООУ „11 Октомври“ – Куманово, издвојуваме: Олимпски додекатеон (video)

Опис: Видео-презентација за 12 олимпски богови како отворен образовен ресурс за третата тема Митологија и верувања по наставниот предмет Класичната култура во европската цивилизација.

 

Од Силвана Јакимовска Бинова, наставничка по математија од ООУ Страшо Пинџур Карбинци, издвојуваме: Мерни единици (Тарзија) (.pdf)

Опис: Ресурс за утврдување на знаења за претворање на мерни единици (соодветна за 6 одд.) преку примена на техника Тарзија и кратко упатство за оваа техника и нејзини варијации.

 

Од Андриана Димитров, наставничка по биологија и природни науки од ОУ„Св. Климент Охридски“- Битола, издвојуваме: Рецептори за светлина (link)

Опис: Обработена лекција со слики и игри за усвојување и проверка на знаењето.

 

Од Адријана Тодорова, наставничка по математика и физика од ООУ„Петар Мусев“ Богданци, издвојуваме: Математичка соба -escape room (.pptx)

Опис: Интерактивна презентација, математичка игра во која за да излезат учениците од собата треба да решат неколку задачи.

 

Во наредниот период следуваат и други одлични отворени образовни ресурси, кои можете да ги пронајдете (и слободно да ги користите) и преку нашата секција „Ресурси“. Следетене не и на Facebook страницата на Отворени образовни ресурси.