Скратениот број часови овозможува учебната година да почне од октомври

Димензионирањето на политиките учебната година да почне малку подоцна, е поради скратениот број на часови, со што организираноста на учебната година е поставена да може таа да почне од први октомври. Како пример за ова мандатарот за состав на новата Влада и поранешен премиер Зоран Заев го посочи функционирањето на некои од приватните училишта кои и порано годината ја започнувале во октомври. Тој потврди дека интенцијата е со физичко присуство во училниците учебната година да започне прво од пониските одделенија.

– Кај приватните школи некои почнувале и порано, како на пример „Нова“, кои имаат веќе здравствени и други протоколи како и други училишта кои тоа го прават. Суштината на размислувањата, бидејки уште е само размислување, да се почне со прво, второ и трето одделение, заради тоа што се работи за писменоста на нашите деца, затоа што со онлајн настава тешко ќе ги описмениме децата во тие години. Понатаму сето другото е он-лајн настава со опции. Општините ќе прават проценка согласно протоколите, согласно бројот на заразени во општината во регионот каде живеат граѓаните и вкупниот број на дечиња.

Оригиналниот текст е достапен на следниов линк (lokalno.mk)