Вештачка интелигенција, машинско учење, и екологија – избор од образовни ресурси за деца

За оваа недела издвојуваме еден интересен и корисен образовен ресурс на англиски јазик: платформата за учење ИКТ вештини – code.org

Скриншот од страницата https://code.org/

Скриншот од страницата https://code.org/

На платформата за учење на ИКТ code.org можете да пронајдете голем број курсеви и лекции, поделени по различни возрасни групи на учениците. Воедно, има и посебна секција за наставнички и наставници, каде можат да регистрираат нивен кориснички профил, и да креираат забавни курсеви за полесно совладување на материјалот. Ресурсите (видеа, квизови, игри, итн.) можат да комбинираат по желба на предавачот.

Од оваа платформа ја издвојуваме интерактивната активност за вештачка интелигенција и машинско учење, поврзани со екологијата: AI for Oceans (Вештачка интелигенција за океаните)

Скриншот од страницата https://studio.code.org/s/oceans/stage/1/puzzle/2

Скриншот од страницата на AI for Oceans

Преку тренирањето на малото роботче A.I., децата се запознаваат со концептите на вештачка интелигенција и машинско учење. Воедно, додека ученикот го тренира роботчето да препознава едноставни форми (дали е ова риба, или пластичен отпад), открива дека и вештачката интелигенција може да се користи и во други полиња (екологијата). Со правење на роботчето A.I. „попаметно“, помагаме поефикасно да се исчистат океаните од отпадот, пластика, итн. – и со тоа директно допринесуваме за спасување на водниот свет во океаните. Идејата на активноста е да се развие дискусија со учениците за тоа колкава улога игра вештачката интелигенција во нивното секојдневние, да се тренира и тестира модел на машинско учење, како и тоа да се разбере како вродената пристрасност на луѓето има улога во машинското учење.

Целосниот курикулум за оваа активност е достапен на овој линк. За оваа активност, но и многу други, посетете ја страницата на Code.org