Полска стана првата држава во светот која поддржа национална програма за државен отворен учебник. Години на труд и залагање од поборниците на отворено образование ја поттикнаа минатата влада да усвои две иницијативи за отворени учебници, едната конкретно за првите три години од образованието, другата севкупно за основното и средното образование.
Отворените образовни ресурси (ООР) се материјали за учење и подучување со отворена лиценца кои можат слободно да се користат, континуирано да се подобруваат, и неограничено да се пренаменуваат. Ова штеди пари и за училиштата и за родителите и им дава моќ на учителите да ги адаптираат учебниците според нивните потреби. Освен тоа, стандардната учебна програма може да биде збогатена со локални материјали развиени во самата училишна низ разни ученички проекти или придонес на родители, правејќи ги лекциите порелевантни и интересни за учениците.
Во 2008, Отворено општество се здружи со Фондацијата „Shuttleworth“ и лидерите на ООР движењето за лансирање на Декларацијата за отворено образование во Кејп Таун, која прва побара јавен пристап до јавно финансирани образовни материјали. Други иницијативи, како Декларацијата на УНЕСКО за ООР во Париз 2012 [PDF], ја зајакнаа поддршката кон стратегијата за јавен пристап.
Во Полска, традиционално родителите се одговорни за купување на учебниците за нивните деца, кои можат да чинат од €60 до €120 (US$66 до $132) по дете, годишно. Овие трошоци ги направија учебниците тензично политичко прашање и беа водечкиот фактор за поддршката на владата за отворени учебници, за кои Министерството за образование процени дека ќе им заштедат на родителите €24 милиони ($26.5 милиони) само во првата година, со вкупни годишни заштеди од €168 милиони до 2020.
Бидејќи овие отворени учебници беа создадени со пилот-програми, потребно е да се се усвојат политики за поддршка на овие иницијативи на долг рок. „Полска ги направи првите важни чекори во развивањето на јасна политика за ООР,” изјави Алек Тарковски, еден од основачите на KOED и извршниот директор на „Centrum Cyfrowe“, организација од Полска која работи на социјални промени со помош на дигитални технологии. „Ние сме среќни што оваа политика доби и понатамошен развој, со продолжување на програмата за учебници и планирано развивање на дополнителни отворени ресурси до 2020.”
Успехот во Полска создаде интерес за ООР кај владите во регионот. Фондациите Отворено општество работат на кревање на свеста, градењето на заедници околу, и застапување за ООР во Чешка, Македонија, Молдавија, Романија, Словачка, Киргистан и Таџикистан. „Centrum Cyfrowe“ исто така организира состанок за ООР политики во Краков во април за споделување на научените лекции и поддршка на развојот на ООР во регионот.
ООР добива инерција и низ целиот свет. Додека полската програма за отворени учебници е првата државна иницијатива покрената од една влада, ученици од Јужна Африка користат отворени учебници продуцирани од Фондацијата „Siyavula“, компанија за ООР технологии. „Siyavula“ продуцира отворени учебниците печатени од Министерството за основно образовние на Јужна Африка. Преку 10 милиони печатени книги се дистрибуирани до околу пет милиони ученици. Освен тоа, во неодамнешен извештај, Отворени образовни ресурси: Катализатор за иновации, Организацијата за економска соработка и развој заклучува дека ООР не само што ја стабилизираат јавната и приватната цена на образованието, туку исто така го поддржуваат и континуираното подобрување на образовните ресурси.
Полска стана лидер во движењето за ООР, нешто на што новата влада може да се гордее. За да ги направат овие достигнувања целосно нивни, следниот чекор би бил да се усвојат политики за поддршка на овие иновативни програми за отворени учебници.
Извор: Open Society Foundations