Се одржа меѓународна археолошка конференција: Населби, култура и динамика на популациите во Балканската прaисторија

11063778_917407694956516_1741990452937619756_nНа 13-14.03.2015 год., во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа меѓународна археолошка конференција на тема „Населби, култура и динамика на популациите во Балканската прaисторија”, посветена на праисторијата. На конференцијата во организација на ХАЕМУС, а поддржана од Алијансата за ООР, присуствуваа 60тина археолози од земјата и странство. 

11071527_917271204970165_3016283524979165993_n

Претходно пак, на 12 март во Музеј на Град Скопје се одржаа промотивни јавни предавања од страна на гостин архелог од Букурешт, Романија, г. Драгош Георгиу и од г. Љубо Фиданоски од Музејот на Град Скопје. Овие предавања го означија почетокот на конференцијата која следеше во наредните 2 дена. Целосната агенда и говорници на настанот се достапни на официјалната веб-страница на конференцијата (на англиски).

Сите предавања се снимени и набрзо ќе бидат објавени како отворени образовни ресурси во ресурсниот центар достапен на www.oer.mk.