Бесплатен курс за едукатори: Лиценцирање отворени содржини

Курсот Лиценцирање отворени содржини за едукатори (OCL4Ed) е бесплатен курс на OERu, односно микро отворен курс што се спроведува преку интернет, наменет за едукатори и ученици кои сакаат да научат повеќе за отворените образовни ресурси, за авторските права и лиценците Криејтив комонс. [Прочитај повеќе…]

Најава: Тркалезна маса „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“

На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии во при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се одржи тркалезната маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“. Овој настан е во организација на Алијансата за отворени образовни ресурси, а е поддржан од Фондацијата Метаморфозис. [Прочитај повеќе…]

Советот на ЕУ дискутираше за Отворените образовни ресурси, но без да навлегува во детали

Минатата недела, Советот на Европската унија составен од министри од земјите-членки дебатираше на темата „Отворени образовни ресурси и дигитално учење“. Дебатата се одржа за време на состанокот на Советот за образование, млади, култура и спорт на 25 и 26 ноември 2013 г. [Прочитај повеќе…]

Ново анимирано видео за македонските пари

Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот на кратки анимирани видеа изработени во рамките на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“. Како и претходните две, „Брзина на звук“ кое беше инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова видео се претставени едукативни факти, овој пат поврзани со македонските пари. [Прочитај повеќе…]

Излезе првиот број на новото академско електронско списание „Хаемус“

Излезе првиот број на „Хаемус“, новото академско електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кој исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања.

[Прочитај повеќе…]

Често поставувани прашања за Отворени образовни ресурси

Што се отворени образовни ресурси?
Концептот за Отворени образовни ресурси (ООР) ги опфаќа сите образовни ресурси, вклучувајќи ги и наставните програми, материјали од курсеви, учебници, онлајн-видеа, мултимедијални програми, поткасти, како и секаков друг материјал кој е дизајниран за употребување во настава и при учење, кои се бесплатно достапни за употреба од страна на наставници и ученици, без потребата од плаќање надомест за авторски права или такси за лиценца. [Прочитај повеќе…]

Што знаете за брзината на звукот?

Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот.  [Прочитај повеќе…]

Осма меѓународна конференција е-Општество.мк

Метаморфозис и во 2012 продолжува со одржување на традиционалната конференција е-Општество.мк. Oсмата меѓународна конференција е-Општество.мк, оваа година ќе биде на темата: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“, а ќе се одржи на 14 и 15 ноември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Македонија. [Прочитај повеќе…]

Презентација за ООР пред студентите на МБУ

На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот. [Прочитај повеќе…]

Видео: Отворени образовни ресурси во училиштето

На конкурсот „Зошто е важно отвореното образование“ помеѓу селектираните 60 видеа беше и видеото снимено во основното училиште „Петре Поп Арсов“, Богомила, Чашка. Погледнете го и него и како неговите автори ја приопштуваат идејата за отвореното образование преку ова видео. [Прочитај повеќе…]