Започнува Недела на отворен пристап 2014

Неделата на отворен пристап (20 – 26 октомври), глобален настан кој се случува веќе осма година по ред, претставува можност за академската и истражувачката заедница да продолжи да учи за потенцијалните придобивки од отворениот пристап и да го споделат наученото со колегите, да помогнат да се инспирира поширока вклученост во идејата отворениот пристап да постане нова норма во образованието и истражувањето. [Read more…]

Директориумот на списанија со отворен пристап прославува 10 години постоење

Поминаа 10 години откако беше придвижена нова иницијатива: Директориумот на списанија со отворен пристап е резултат на уникатен потфат помеѓу Библиотеките на Универзитетот Лунд, поддржан од Информациската програма на Институтот Отворено општество, заедно со Коалицијата за научно издаваштво и академски ресурси (SPARC). [Read more…]

Публикациите на УНЕСКО ќе бидат бесплатно достапни согласно новата Политика на Отворен пристап

УНЕСКО ќе ги направи достапни своите дигитални публикации за милиони луѓе ширум светот, бесплатно, со отворена лиценца. По одлуката на Извршниот одбор на организацијата во април, УНЕСКО постана првиот член на Обединетите Нации кој усвои политика на отворен пристап за своите публикации. Новата политика значи дека секој ќе може да ги преземе, преведе, адаптира, дистрибуира и повторно сподели публикациите и податоците на УНЕСКО без да плати. [Read more…]

Често поставувани прашања за Отворен пристап

Што претставува отворениот пристап?
Отворениот пристап претставува достапност на научно-истражувачки содржини, бесплатно, преку интернет. Најпозната и најлесно изводлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа. [Read more…]

Одбележување на неделата на отворен пристап

 Одбележување на неделата на отворен пристап На 24 октомври, во салата за превод и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје се одржа настан за промоција на отворениот пристап во Македонија. Настанот го одбележаа презентациите на проф. д-р Владимир Трајковски од Филозофскиот факултет, Димитар Попоски, докторанд на отсекот за информациски науки во Загреб, Ирина Шумадиева и Сеад Џигал, координатори на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија“. [Read more…]