„Криејтив комонс“ и отворените образовни ресурси

Светските искуства покажуваат дека со постапни законски подобрувања и рилагодувања, можно е да се помират и координираат овие два навидум непомирливи пола, т.е. слободната дистрибуција и заштита на авторското право. Како пример за една од поуспешните формули е  системот на лиценци уреден  од страна на „Creative Commons“ (www.creativecommons.org), а кој се применува и во Македонија (http://cc.org.mk/). „Криејтив комонс“ пак, го подразбира слободното користење на т.н. Криејтив комонс лиценци од страна на уметниците, авторите, развивачите, кои сакаат дел од своите авторски права да ги задржат за себе, а дел да ѝ ги остават на публиката, на тој начин стимулирајќи поголема промоција и корисност на делумно заштитените дела. Вака гледано, јасна е поврзаноста помеѓу филозофијата на која се базираат ООР и Криејтив комонс. Тие не само што концепциски се доближуваат, туку и меѓусебно соработуваат. [Read more…]

Каде се наоѓа Криејтив комонс во светот на авторските права?

Лиценците „Криејтив комонс“ се наоѓаат помеѓу целосно заштитените авторски права и јавниот домен, во кој пак, спаѓаат делата кои можат да се користат без никакви ограничувања и услови. Наоѓајќи се некаде на средина, овие лиценци овозможуваат заштита на авторските дела од  непосакувани употреби, додека истовремено ја поттикнуваат соработката, надградувањето на знаењата, креативноста и обемот на достапни содржини на интернет воопшто. Вака имаат полза и споделувачите и оние за кои се споделува.

[Read more…]

Како функционира Криејтив комонс?

Доколку сте автор на некое дело и сакате да го објавите под Криејтив комонс лиценца, треба да појдете на creativecommons.org/choosе и да одговорите на краткиот прашалник, врз основа на кој ќе ви се генерира код, кој потоа  треба да го вградите во вашиот сајт, презентација, документ… Целата постапка се одвива на интернет и одзема неколку минути. [Read more…]