Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованието

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованиетоВеќе се наѕира она што Бил Гејтс го предвиде околу иднината на образованието. Имено, во текот на едно интервју во 2010-та година, тој изјави дека за 5 години, најдоброто образование  во светот ќе можете да го стекнете на интернет. Истовремено, Гејтс предвиде и бавна смрт на универзитетите засновани на локација, односно прибирањето на студентите во кампуси и сл. Платформата Coursera е токму олицетворението на застареноста на конвенционалното образование.

[Read more…]

Презентација за ООР пред студентите на МБУ

На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот. [Read more…]