Публикациите на УНЕСКО ќе бидат бесплатно достапни согласно новата Политика на Отворен пристап

УНЕСКО ќе ги направи достапни своите дигитални публикации за милиони луѓе ширум светот, бесплатно, со отворена лиценца. По одлуката на Извршниот одбор на организацијата во април, УНЕСКО постана првиот член на Обединетите Нации кој усвои политика на отворен пристап за своите публикации. Новата политика значи дека секој ќе може да ги преземе, преведе, адаптира, дистрибуира и повторно сподели публикациите и податоците на УНЕСКО без да плати. [Read more…]