Прославување на отворените влади ширум светот

Претседателот Барак Обама презентира забелешките за време на состанокот за Отворено владино партнерство во Обединетите Нации во Њујорк, 24 септември 2014. (Официјална фотографија од Белата куќа, фотографија направена од Pete Souza)

(Белата куќа, 24 септември, 2014) Отвореното владино партнерство (ОВП) започна пред три години со обврзувањето на осум земји дека ќе бидат потранспарентни и ќе се борат против корупција заедно со граѓанското општество. Денес, ОВП порасна во партнерство кое вклучува 64 нации и стотици граѓански организации, кои заедно донесоа повеќе од 2.000 решенија за унапредување на отворената влада за повеќе од 2 милијарди луѓе ширум светот. [Read more…]

Давање смисла на податоците: Бесплатен онлајн курс на Гугл

Доколку работите со истражувања, прашалници, демографски информации, евалуација на податоци, оцени од тестови или податоци од набљудување, и сте заинтересирани да ги направите покорисни податоците кои ги прибирате организирајќи ги, анализирајќи и применувајќи ги на различни начини, погледнете го онлајн курсот кој е наменет за сите кои сакаат да научат нешто повеќе за тоа како да ги структуираат, визуелизираат и обработат податоците. Ова вклучува студенти, едукатори, истражувачи, новинари и сопственици на мали бизниси. [Read more…]