Пилот проект за ООР на Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис

Како резултат на растечките трошоци за учебници и распространувањето на отворените образовни ресурси (ООР), Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис спроведува пилот програма со цел да се процени можноста за користење на ООР како бесплатна алтернатива или алтернатива со ниски трошоци за разлика од традиционалните учебници.  [Read more…]

Започнува Недела на отворен пристап 2014

Неделата на отворен пристап (20 – 26 октомври), глобален настан кој се случува веќе осма година по ред, претставува можност за академската и истражувачката заедница да продолжи да учи за потенцијалните придобивки од отворениот пристап и да го споделат наученото со колегите, да помогнат да се инспирира поширока вклученост во идејата отворениот пристап да постане нова норма во образованието и истражувањето. [Read more…]

Серија предавања по повод Меѓународниот ден на археологијата 2014

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ – Скопје, ве поканува на серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014“, на ден 30.10.2014 год. (четврток), во City Hall (поранешен Хард Рок), со почеток во 19:00 часот. [Read more…]

Прославување на отворените влади ширум светот

Претседателот Барак Обама презентира забелешките за време на состанокот за Отворено владино партнерство во Обединетите Нации во Њујорк, 24 септември 2014. (Официјална фотографија од Белата куќа, фотографија направена од Pete Souza)

(Белата куќа, 24 септември, 2014) Отвореното владино партнерство (ОВП) започна пред три години со обврзувањето на осум земји дека ќе бидат потранспарентни и ќе се борат против корупција заедно со граѓанското општество. Денес, ОВП порасна во партнерство кое вклучува 64 нации и стотици граѓански организации, кои заедно донесоа повеќе од 2.000 решенија за унапредување на отворената влада за повеќе од 2 милијарди луѓе ширум светот. [Read more…]

ООР наспроти издавачките куќи – Примери и практики

Поминаа повеќе од 15 години откако првите слободно лиценцирани образовни материјали беа објавени, а големите издавачи се уште немаат издадено учебник базиран на претходен отворен образовен ресурс (ООР). Зошто? [Read more…]