Генерални искуства од примената на ООР во светот

Отворените образовни ресурси се идеја и процес кои се тесно поврзани со технолошкиот развој. Иако ООР спроведуваат активности кои се надвор од дигиталната сфера и интернетот, како што се овозможување на слободен пристап до учебници и прирачници, сепак употребата на компјутерите и интернетот во образованието е една од клучните точки врз кои тие се фокусираат. Лесното поврзување и надминувањето на географските ограничувања се веројатно најважната придобивка во образовниот процес, а за која се неопходни компјутерите и интернетот. Во земјите каде технолошкиот развој е ограничен, мошне важно е компјутеризацијата на образованието да се развива паралелно со обуката за тоа како најефикасно да се применува интернетот и дигиталните содржини и програми во едукацијата. [Read more…]