Диплома од Центарот за вишо образование „Tidewater“ со наставна програма целосно составена од ООР – Резултати по една година

На 10 март, Kоалицијата за научно издаваштво и академски ресурси организираше конгресен брифинг за отворени образовни ресурси (ООР) за време на Неделата на отворено образование. Говорникот, Даниел ДеМарте, го опиша искуството кое го има Центарот за вишо образование „Tidewater“ со понудувањето на нивната „Диплома – З“– диплома за вишо образование по бизнис администрација која користи наставна програма составена целосно од ООР. [Read more…]