Листа на 40 едукативни веб-сајтови каде може да добиете бесплатно образование

Според веб-сајтот www.webometrics.info, постојат повеќе од 17.000 универзитети, но стекнувањето диплома од некои од нив е навистина скапо. Многу студенти ширум светот (и нивните фамилии) влегуваат во долгови или мораат да работат повеќе од 60 часа неделно со цел да си дозволат образование.  [Прочитај повеќе…]

Митови и пречки со кои се соочуваат отворените образовни ресурси

Од каде доаѓаат митовите за отворените образовни ресурси (ООР)?

Движењето за ООР се појави за да го трансформира и демократизира пристапот до образование. Владите, компаниите, наставниците и учениците ширум светот создаваат ООР и ги користат на различни начини. Но, фактот дека се поголем број на проекти и луѓе создаваат ресурси слободни за копирање, комбинирање и споделување без некакви ограничувања не гарантира дека ова ќе доведе до системска промена во образованието. [Прочитај повеќе…]

Одржана тркалезна маса: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“

DSC 8435На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“.

На настанот поддржан од Фондацијата Метаморфозис, а на кој беше претставена Алијансата за отворени образовни ресурси, присуствуваа 35 учесници од основни и средни училишта, универзитети, библиотеки, невладини организации и јавни институции.

[Прочитај повеќе…]

Запознајте го edX

Во препорачаните содржини на нашиот сајт веќе ви ја претставивме извонредната Coursera. На слична тематика, бесплатни онлајн курсеви за сите заинтересирани, неизбежно е да ја презентираме и сé попопуларната edX[Прочитај повеќе…]

Работилница за ООР во општина Аеродром

На 24 октомври во основното училиште „Љубен Лапе“ од Скопје беше одржана работилница за отворени образовни ресурси (ООР) пред група наставници од основните училишта во општина Аеродром. Наставниците беа запознаени со основните цели и концепти на движењето за отворено образование и за концептите, најновите трендови во користењето на интернетот и дигиталните алатки во образованието, како и за достапноста на отворените ресурси слободни за употреба. [Прочитај повеќе…]

Презентација за ООР пред студентите на МБУ

На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот. [Прочитај повеќе…]