Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Одржана тркалезна маса: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“

DSC 8435На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“.

На настанот поддржан од Фондацијата Метаморфозис, а на кој беше претставена Алијансата за отворени образовни ресурси, присуствуваа 35 учесници од основни и средни училишта, универзитети, библиотеки, невладини организации и јавни институции.

[Прочитај повеќе…]

Публикациите на УНЕСКО ќе бидат бесплатно достапни согласно новата Политика на Отворен пристап

УНЕСКО ќе ги направи достапни своите дигитални публикации за милиони луѓе ширум светот, бесплатно, со отворена лиценца. По одлуката на Извршниот одбор на организацијата во април, УНЕСКО постана првиот член на Обединетите Нации кој усвои политика на отворен пристап за своите публикации. Новата политика значи дека секој ќе може да ги преземе, преведе, адаптира, дистрибуира и повторно сподели публикациите и податоците на УНЕСКО без да плати. [Прочитај повеќе…]

Препораки за домашни образовни ресурси

Ја продолжуваме востановената пракса на ООР сајтот да презентираме и препорачуваме домашни образовни ресурси. Се надеваме дека со нивното презентирање ќе ја прошириме нивната употреба, ќе помогнеме во нивна понатамошна афирмација, но и ќе мотивираме создавање на дополнителни ресурси во различни научно-образовни области. [Прочитај повеќе…]

Второ кратко анимирано видео кое нè учи на отворено споделување на знаењето

Минатата недела, на меѓународната конференција е-Општество.мк беше промовирано второто од серијата кратки анимирани видеа за промоција на концептот отворени образовни ресурси и споделување на знаењето. Видеото се вика „Правопис“ и низ куса шеговита приказна пренесува една честа сцена од секојдневието, потсетувајќи нè колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното.

[Прочитај повеќе…]

Отворените образовни ресурси презентирани на ИСППИ

На 01 и 02 ноември во просториите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) беа oдржани 2 презентации за отворени образовни ресурси (ООР). На 01 ноември беше одржана презентација пред работниот кадар на институтот, додека наредниот ден во презентациските активности беа вклучени постдимпломците и докторантите на оваа научно-образовна институција.  [Прочитај повеќе…]

Јутјуб како ООР

Кога се зборува за отворени образовни ресурси (ООР), видео сервисот „Youtube“ е речиси неодминлив. Можностите за слободно споделување на видео содржини и ефикасната употреба на визуелната комуникација го прават „Youtube“ извонредна алатка за сите образовни намени и пригоди. [Прочитај повеќе…]

ООР во наставата во Македонија

Погодноста на отворените образовни ресурси не се состои само во нивно користење како готов образовен материјал. ООР можат да се употребат на различни начини кои го подобруваат, прошируваат и збогатуваат наставниот процес и интерактивноста со учениците.

[Прочитај повеќе…]

ООР работилница со студентите на ФИНКИ

На 2 октомври во Скопје во просториите на „Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“ (ФИНКИ) се одржа работилница за отворени образовни ресурси (ООР).

На работилницата учествуваа членовите на студентскиот парламент при ФИНКИ, додека самата работилница се состоеше од два модула: „Вовед и трендови на полето на ООР“ и „ООР и употребата на Википедија“ изведена од м-р Василка Димитровска. [Прочитај повеќе…]

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованието

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованиетоВеќе се наѕира она што Бил Гејтс го предвиде околу иднината на образованието. Имено, во текот на едно интервју во 2010-та година, тој изјави дека за 5 години, најдоброто образование  во светот ќе можете да го стекнете на интернет. Истовремено, Гејтс предвиде и бавна смрт на универзитетите засновани на локација, односно прибирањето на студентите во кампуси и сл. Платформата Coursera е токму олицетворението на застареноста на конвенционалното образование.

[Прочитај повеќе…]

Презентација за ООР пред студентите на МБУ

На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот. [Прочитај повеќе…]