Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Препораки за домашни образовни ресурси

Ја продолжуваме востановената пракса на ООР сајтот да презентираме и препорачуваме домашни образовни ресурси. Се надеваме дека со нивното презентирање ќе ја прошириме нивната употреба, ќе помогнеме во нивна понатамошна афирмација, но и ќе мотивираме создавање на дополнителни ресурси во различни научно-образовни области. [Прочитај повеќе…]

Презентација на ООР за наставниот кадар во предучилишните установи

На 23 ноември во Скопје се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) во просториите на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Пред околу 20-тина членови на учителскиот кадар од скопските предучилишни установи беа презентирани концептите и праксите во употребата на ООР, како и достапните ресурси за овој степен на образование. [Прочитај повеќе…]

Мултимедијални содржини за безбедност и приватност на децата на интернет достапни на 5 јазици

Игра: Зависност од четВо рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, се направи јазична адаптација на мултимедијалните ресурси за едукација и подигнување на свеста на децата во врска со потенцијалните опасности на интернет. [Прочитај повеќе…]

Краток анимиран филм за сајбернасилство

Анимираниот филм „Силеџија“ зборува за честата појава на заплашување меѓу младите со користење на мобилни телефони и интернет.

Филмот е изработен како дел од проект за подигнување на свеста за приватноста на интернет, додека јазичните верзии се развиени како дел од проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и регионот Долна Нормандија.
[Прочитај повеќе…]