СВЕТСКИ КОНГРЕС ЗА ОТВОРЕНИ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ (ООР) 2012

УНЕСКО, ПАРИЗ, 20-22 ЈУНИ, 2012

ПАРИСКА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ООР 2012


Преамбула


Светски конгрес за отворени образовни ресурси одржан во УНЕСКО, Париз, 20-22 јуни 2012.


Релевантни меѓународни декларации, меѓу кои и:


Универзалната декларација за човекови права (член 26.1), во која е наведено дека: „Секој има

право на образование“;


Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права (член 13.1), кој го признава

„правото на образование на сите“;


Бернската конвенција од 1971 година за заштита на книжевните и уметничките дела и

Спогодбата за авторски права на WIPO од 1996 година;


Милениумската декларација и Рамката за акција од Дакар 2000 г., со кои се преземаа обврски

да се обезбеди квалитетно основно образование за сите деца, млади и возрасни на глобално

ниво;


Декларацијата за начела на Светскиот самит за информатичко општество од 2003 година,

посветена на „изградба на инклузивно информатичко општество насочено кон луѓето и

развојот, во кое секој може да создава, да пристапува до, да користи и да споделува

информации и знаење“;


Препораката на УНЕСКО од 2003 година во врска со Промоцијата и употребата на

повеќејазичност и универзален пристап до сајбер-просторот;


Конвенцијата на УНЕСКО од 2005 год. за заштита и унапредување на разновидноста на

културното изразување, во која се наведува дека: „Еднаквиот пристап до богат и разновиден

спектар на културни изразувања од целиот свет и пристапот на културите до средствата за

изразување и распространување претставуваат важни елементи за подобрување на културната

разновидност и поттикнување на меѓусебното разбирање“;


Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп од 2006 г. (член 24), која ги признава правата

на образование на лицата со хендикеп;


Декларациите од шесте Меѓународни конференции за образование за возрасни (CONFINTEA)

кои ја нагласуваат фундаменталната улога на учењето и образованието за возрасни.


Се нагласи дека терминот Отворени образовни ресурси (ООР) бил создаден за време на

Форумот на УНЕСКО за отворена настава од 2002 година и дека истиот означува „настава,

учење и материјали за истражување во која било форма, од дигитален или друг тип, а кои се

дел од јавниот домен или се издадени под отворена лиценца која овозможува бесплатен

пристап, употреба, адаптација и редистрибуција од други лица, без ограничувања или со

одреден број ограничувања. Отвореното лиценцирање е вградено во рамките на постојната

рамка за права на интелектуална сопственост, како што е дефинирано од страна на

релевантните меѓународни конвенции и го почитува авторот на делото“;


Потсетувајќи се на постојните Декларации и Насоки за Отворени образовни ресурси, како што

е Декларацијата за отворено образование од 2007 година во Кејп Таун, Декларацијата за

Отворени образовни ресурси од 2009 година во Дакар и Комонвелтот за учење од 2011 и

Насоките на УНЕСКО за Отворени образовни ресурси во високото образование;


Истакнувајќи дека Отворените образовни ресурси (ООР) ги промовираат целите на

меѓународните декларации наведени погоре;


На Конгресот се препорача државите, во рамките на нивните капацитети и овластувања:


а. Да ја поттикнуваат свеста за ООР и нивната употреба. Да ги промовираат и користат ООР за

да се прошири пристапот до образованието на сите нивоа, како на формално, така и на

неформално ниво, во поглед на доживотно учење, придонесувајќи за општествена инклузија,

полова еднаквост и образование за лицата со посебни потреби. Да ја подобрат економичноста

и квалитетот на наставата и резултатите од учењето преку поголема употреба на ООР.


б. Да го поттикнат создавањето средини поволни за користење на информатичката и

комуникациска технологија (ИКТ). Да го премостат дигиталниот јаз развивајќи соодветна

инфраструктура, а особено широкопојасна интернет-конекција по пристапни цени,


в. Да обезбедат широко распространета мобилна технологија и стабилно напојување со

електрична енергија. Да ја подобрат медиумската и информатичка писменост и да го

поттикнат развојот и користењето на ООР во дигитални формати со отворени стандарди.


г. Да го зајакнат развојот на стратегии и политики за ООР. Да го унапредат развојот на

конкретни политики за производство и употреба на ООР во рамките на пошироките стратегии

за унапредување на образованието.


д. Да го промовираат разбирањето и употребата на рамките за отворено лиценцирање. Да ја

олеснат повторната употреба, измената, ремиксувањето и редистрибуцијата на образовни

материјали низ целиот свет преку отворено лиценцирање, кое се однесува на голем број

рамки што овозможуваат различни видови употреба, истовремено почитувајќи ги правата на

сопствениците на авторски права.


ѓ. Да ја поддржат изградбата на капацитетите за одржлив развој на квалитетни материјали за

учење. Да ги поддржат институциите, да ги обучуваат и мотивираат наставниците и останатиот

персонал за создавање и споделување висококвалитетни, пристапни образовни ресурси,

земајќи ги предвид локалните потреби и целосната разновидност на учениците. Да го

промовираат обезбедувањето на квалитетот и рецензијата на ООР. Да го поттикнуваат развојот

на механизми за оцена и сертификација на резултатите од учењето постигнати преку ООР.


е. Да поттикнуваат стратегиски алијанси за ООР. Да ја искористат технологијата којашто

еволуира за да создаваат можности за споделување материјали кои се објавени под отворена

лиценца во различни медиуми и да обезбедуваат одржливост преку нови стратешки

партнерства во и меѓу секторите како што се образование, индустрија, библиотеки, медиуми и

телекомуникации.


ж. Да го поттикнат развојот и адаптацијата на ООР во различни јазици и културни контексти. Да

го поддржат производството и употребата на ООР на локалните јазици и во различни културни

контексти, за да се обезбеди нивната релевантност и пристапност. Меѓународните

организации треба да го поттикнат споделувањето на ООР меѓу разни култури и јазици,

почитувајќи ги знаењето и правата на месното население.


з. Да поттикнуваат истражувања за ООР. Да поттикнуваат истражувања за развој, употреба,

процена и ре-контекстуализација на ООР, како и истражувања за можностите и предизвиците

кои тие ги носат, но и за нивното влијание врз квалитетот и економичноста на предавањето и

учењето со цел да се зајакне базата на докази за потребата од државни инвестиции во ООР.


ѕ. Да го олеснат пронаоѓањето, добивањето и споделувањето на ООР. Да го поттикнат развојот

на алатки кои се лесни за употреба, а служат за лоцирање и добивање конкретни ООР кои се

релевантни за одредени потреби. Да усвојат соодветни отворени стандарди за да се обезбеди

интероперабилност и да се олесни користењето на ООР во различни медиуми.


и. Да го поттикнат отвореното лиценцирање на образовни материјали произведени со помош

на државни пари. Владите/надлежните органи може да создаваат значителни придобивки за

нивните граѓани со тоа што ќе обезбедат дека образовните материјали создадени со јавни

средства ќе бидат ставени на располагање под отворени лиценци (со онакви ограничувања

какви што тие сметаат дека се потребни), со цел да се зголеми влијанието на инвестицијата.