Портфолио Семантис

Преземи го ресурсот
Прикачен од: Елена Николовска
Автор: Richard Delmas, Didier Van der Meeren, Kevin Cocco, Elena Nikolovska, Dragan Ristovski, Dan-Alexandru Popescu, Marija Nešic, Elene Kiladze-Lortkipanidze, Diana Cebotari, Amandine Malassis, Renata Delipacy, Ania Cecylia, Gorana Puzovic, Nevena Nedeljkovic, Isidora Lazic
Опис: Почнувајќи од 2011 година, професор Николовска активно се вклучува во меѓународни проекти на француски јазик каде преку проектот Семантис (http://www.semantica.fr/) остварува партнерства со училишта од повеќе европски земји како Франција, Белгија, Грузија, Романија, Молдавија, Полска и Србија. Овој значаен проект на сите партнери им овозможува да ги промовираат своите обичаи, традиции и култури на француски јазик, но и на мајчиниот јазик на секоја земја преку театарски претстави, приказни и легенди. Во периодот од 2011-2014 година, во рамките на овој проект, учениците од ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка имаа повеќе активности, а македонската култура и традиција ги промовираа преку снимените театарски претстави “Мрзеливата жена и метлата” и “Женско царство”, снимени на француски и македонски јазик (https://vimeo.com/88065800, https://www.youtube.com/watch?v=rFex-_VGURE, https://vimeo.com/94950644, https://www.youtube.com/watch?v=6KvO-Yo9C4U ) и истите беа промовирани пред бројната публика во Центарот за култура во Крива Паланка во рамките на Франкофонската вечер (2013 и 2014 год.) како и во Вроцлав, Полска (2014 год.) од страна на учениците со најдобри постигнати резултати.
*Исто така, проектот Семантис беше избран за еден од најдобрите проекти во светот на француски јазик и истиот беше презентиран во рамките на Светскиот форум по француски јазик кој се одржа од 19-24 јули 2015 година во Лиеж, Белгија. Професор Николовска ги презентираше активностите на ООУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка, како партнер во проектот.

Област: Друга
Предмет: Друго
Ниво на образование: Основно
Јазик: Други јазици
Тип на ресурс: Брошура
Формат: Документ за преземање
Лиценца: Користи го ресурсот, но не менувај го
Број на преземања: 133
Рејтинг: