Кодирани експериментални задачи на тема течности од секојдневието


Линк до ресурсот: Ресурс
Прикачен од: Аида Петровска
Автор: Аида Петровска
Опис: Кодирани експериментални задачи на тема
течности од секојдневието

Задача 1:
Ако при експериментирањето добиваме дека 123 = 123 дали:
132 = 123,
312 = 123,
321 = 123,
213 = 123,
321 = 123.

Задача 2:
Смени ги кодовите на експериментите од бројки во букви.

Задача 3:
Смени ги кодовите на експериментите од бројки во зборови.

Задача 4:
Смени ги кодовите на експериментите од бројки во цртежи.

За решавање на оваа проблемска кодирана експериментална задача се решивме да ги користиме најчесто употребуваните течности од нашето секојдневие: вода, масло за јадење и мед.
- Течностите ги подредивме по густина, од најгуста до најретка.
- Најгустата, мед, ја обележавме со бројот 1. Водата ја обележавме со број 2, а маслото за јадење со број 3.
- Во една чаша налеваме малку мед, потоа додаваме малку вода, а на крај масло за јадење.
- Течностите во чашата не се помешале. На дното останал медот, над него водата, а над водата маслото за јадење.
- Гледајќи од дното кон врвот, течностите во чашата се наредени во низа 1, 2, 3.
- Ја повторивме постапката, но со поинаков редослед. По медот го налеавме маслото за јадење, а по мадлото водата и повторно го добивме истиот резултат.
- По трет пат ја повторивме постапката со таа разлика што во чашата прво го налеавме маслото за јадење, потоа водата, а на крајот медот.
- Течностите по трет пат се наредиле во низа 1, 2, 3.
Со овој експеримент кој се однесува на споредување на густините на течностите од секојдневието, докажавме дека без разлика по кој редослед ги лееме течностите во ист сад,најгустата течност ќе се најде на дното, а најлесната на површината. Односно во овој случај при експериментирањето добиваме дека 123 = 123 а и во сите други случаи резултатот е 123.
132 = 123,
312 = 123,
321 = 123,
213 = 123,
321 = 123.


Област: Природни науки
Предмет: Физика
Ниво на образование: Основно
Јазик: Македонски
Тип на ресурс: Истражување
Формат: Видео
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 689
Рејтинг: