Магнетни појави


Линк до ресурсот: Ресурс
Прикачен од: Аида Петровска
Автор: Аида Петровска
Опис: Кога Магнус загубил една овца, тргнал да ја бара и се нашол на еден карпест предел на кој неговите потковани опинци чудно се однесувале. Кога карпите ги газел со опинците, тие се лепеле на карпите и му се собувале од нозете. Кога карпата ја допирал со раката, не чувствувал ништо, карпата била сува, а раката не се лепела како опинците. Се собул, седнал на карпата и истражувал. Кога карпата ја допирал со поткованиот дел од опинокот, тој се лепел, а кога ја допирал со кожниот дел, ништо не се случувало. Магнус имал овчарски стап со железен врв и решил и со него да ја допре карпата. Кога ја допирал со врвот, тој се лепел, а кога ја допирал со дрвениот дел од стапот, ништо не се случувало. Поубаво ја загледал карпата и таа му заличила на железо. Зел парче од карпата и ја однесол дома. Од тогаш сите луѓе дознале за оваа чудна карпа, која по овчарчето Магнус го добила името магнетит.

Област: Природни науки
Предмет: Друго
Ниво на образование: Основно
Јазик: Македонски
Тип на ресурс: Брошура
Формат: Текст или комбиниран ресурс
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 582
Рејтинг: