Час 14 за 1-5 одд. (во 360 степени VR) Физичко и здравствено образовние во одделенска настава


Линк до ресурсот: Ресурс
Прикачен од: Југослав Спасиќ
Автор: Југослав Спасиќ
Опис: Методска единица: Вежби за раце и раменски појас
Цел: Ученикот да изведе повеќе различни вежби за мускулите на раце и раменски појас
Форми на работа: Фронтална и индивидуална
Методи на работа: Метод на вербална комуникација, Метод на демонстрација, Метод на практично вежбање од дома
Нагледни средства: Компјутер, интернет, просторија, топка.
Методи на вреднување: Метод на повремено онлајн следење на начинот на изведбата на вежбите, интензитет на вежбањето како и бројот на повторувањата.
Корелација: Со сите теми и содржини од наставната програма
Часот го започнуваме со реквизит гумена топка со која се раздвижуваме, разигруваме воместо и во движење, односно се загреваме. Со топката изведуваме манупулативни движења за координација. Потоа вежбите за раце и раменски појас исто така ги работиме без топка за сите зглобови на мускули на рака и раменскиот појас и тоа редоследно. По вежбите за раздвижување и за истенување, некои вежби придонесуваат и за развој на сила на овие мускули. На крај на часот даваме неколку движења за лабавење на мускулатурата.
Структура на час: Во воведен дел на часот вежбите се подинамични и со движење на телото во лесно трчање 1-2 метри напред-назад или лево-десно за загревање на телото. Во подготвителен дел се даваат вежби за истегнување на мускулите на телото. Во главниот дел на часот дадени се вежби за координација, а на крај се дадени вежби за лабавење.
Област: Природни науки
Предмет: Друго
Ниво на образование: Основно
Јазик: Македонски
Тип на ресурс: Веб-сајт
Формат: Видео
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 355
Рејтинг: