Кети Наумоска


Институција: Kuzman Josifoski-Pitu, Kicevo
Лични сајтови:

Кратка биографија: Наставник по математика од 6 до 9 одделение во ОУ"Кузман Јосифоски-Питу, Кичево со работен стаж од 26 години. Сум учествувала во многу проекти од УСАИД. Повеќето од нив беа практични на кои работеа учениците со моја помош и поддршка. Освоив прва награда од Фондацијата Отворено Општество во групата предметни наставници како наставник со најдобра пракса. Имам свој канал на youtube,но сега повеќе ги користам google drive i one drive. За време на пандемијата преслушав многу вебинари и изгледав многу туторијали на Youtube. Oсвоив над 100 сертификати-се за ефективна и успешна настава на далечина. Тие вебинари кои сама ги пронаоѓав на интернет ми помогнаа да научам многу нови работи. Бидејќи средно училиште завршив на насока математика-информатика знаењата за програмирање оттогаш не сум ги заборавила, па ги применив во Scratch. Летово беа првите мои обиди и по илјада грешки, но голема упорност бев пресреќна кога програмата беше добра, а квизот функционален. Научив и да дизајнирам(повторно од вебинари),доволно за да им покажам на учениците. Повеќе ги сакам интерактивните материјали кои и сега им ги споделувам во завршниот дел од часот.
Месна вредност до милион
Опис: Ова е прва лекција по математика за 6то одделение. Направена е видео презентација во која се опфатени сите наставни цели. • Одредува месна вредност на секоја цифра во даден број • Одредува месна вредност на целите и децималните места кај децимални броеви до стотинки. Во претпоследниот слајд има и една видео игра со која учениците ќе го повторат наученото, а воедно ќе биде и интересна за нив.
Јазик: Македонски
Операции со дропки
Опис: Интерактивна игра за операции со дропки.Дадено е упатство како треба да се игра. Решенијата се на стрелките на кои доколку се кликне излегува облаче со број. Броевите најдобро е да се запишуваат зошто за отклучување на катанецот се потребни четирите последни броеви во облачињата. Најдобро е наставникот претходно да ја проба и да им ја објасне на учениците
Јазик: Македонски
Бројни изрази(My figure)
Опис: Вежби за бројни изрази со ученици од 6то одделение. На овој начин учениците подобро ќе ја запознаат мојата личност. Секој колега може да го примени истиот начин со цел да се повторат знаењата до 5то одделение за бројни изрази, начин на изведување на операциите и употреба на загради.
Јазик: Македонски
Питагорова Теорема
Опис: Квиз за Питагорова Теорема во Google Forms
Јазик: Македонски
Делење на двоцифрен број со едноцифрен и заокружување на една децимала
Опис: Играта е направена во Scratch. Играта е наменета за ученици од 6-8 одделение.Се започнува со кликање на зеленото знаменце.Откако ќе се поделат броевите се дава одговор на прашањето во полето под него.Реазултатот од делењето се заокружува на цел број.Се продолжува со одговорите се додека не се стигне до жолтото топче со што играта завршува.
Јазик: Македонски
Собирање на дропки
Опис: Играта е направена во Scratch наменета за ученици од 7-9 одделение.Започнува со кликање на зеленото знаменце.После поставеното прашање учениците даваат одговор во полето под него. Ќе добијат повратна информација дали е точно или не. Истата постапка се повторува со кликање на зеленото знаменце.
Јазик: Македонски
Заокружување децимални броеви на една децимала
Опис: Играта е наменета за ученици од 6 до 9 одделение.Изработена е во Scratch. Со кликање на зеленото знаменце се задава број и прашање на кое треба да се запише одговор под прашањето при што се добива повратна инфомација. Mоже да се игра бесконечно.
Јазик: Македонски
Квиз(игра) за делители исодржатели,НЗД и НЗС
Опис: Се отвора една карта на која е поставено прашање за кое се понудени четири можни одговори. Потребно е да се погоди точниот одговор со кликнување на него.
Јазик: Македонски
Квиз(игра) за квадрирање
Опис: На лентата е даден број кој треба да се квадрира а под него треба да се чекира точниот одговор од зададените неколку опции.
Јазик: Македонски
Квиз за бројни изрази
Опис: Прашањето со бројниот израз во кој се застапени операциите: собирање, одземање, множење, делење и квадрирање како и употреба на загради е зададено лево и треба да се одбере еден од понудените одговори. Времето за размислување е ограничено.
Јазик: Македонски
Квиз за линеарни низи
Опис: Дадена е линеарна низа со растечки или опаѓачки редослед. Треба да се најде правилото за одрдување на општ член во низата со чекирање на еден од понудените одговори. Во текот на играта се дава и бонус,карта која треба да ја изберат учениците. Времето за играње е ограничено
Јазик: Македонски
Квиз(игра) за подредување на дропки, децимални броеви, периодични децимални броеви и проценти
Опис: Во лентата најгоре се зададени дропки,децимални броеви,проценти кои со влечење треба да се наместат на соодветното место од најмал до најголем. Водич нека биде стрелката во играта. Самото упатство е наведено и во самата игра. Точно намстените броеви ќе се обојат со зелена боја. Во спротивно бројот е на погрешно место
Јазик: Македонски
Квиз за подредување на децимални броеви
Опис: Децималните броеви треба да се подредат со влечење на бројна права која е дадена најгоре почнувајќи од 1 до 12. Се подредуваат од најмал до најголем. Врвката може да се намалува или зголемува. Дадено е упатство во самата игра.
Јазик: Македонски
Трансформација(Упростување) на алгебарски изрази
Опис: Интерактивна презентација во која има вметнато игри. Едната е направена директно тука. Добро е да се работи слајд по слајд и за време на час, а не за домашна работа како би имало повеќе интеграција со учениците. Посебно да се обрне внимание на слајд 8 каде е квизот. Презентацијата може да се експортира во PDF и да се прерабоотува по желба на наставникот.
Јазик: Македонски
График на линеарна функција
Опис: Претставување на линеарна функција табеларно и графички
Јазик: Македонски
Плоштина на комбинирани форми
Опис: Плоштина на 2Д форми кои се составени од повеќе 2Д форми
Јазик: Македонски
Плоштина на 2Д форми
Опис: Презентацијата може да се користи по било кој предмет. Место математичките термини во кругот може да се запоишат поими од било кој предмет и до нив место математичките слики да се стави слика или податоци за поимот што одговара, на тој дел од кругот.
Јазик: Македонски
Моделирање на 3D форми (mini house)
Опис: Tinkercad e бесплатен дигитален алат наменет заизработка и уредување на 3Д модели кои покасно можат да се испечатат на 3Д печатач. Едноставен и интуитивен е за користење на сите корисници и дизајнери, наставници и ученици како би можеле својата фантазија да ја претворат во модел. Мојот модел може да им послужи на наставниците по математика и техничко образование. Учениците може да го видат дадениов модел од различни перспективи.
Јазик: Македонски
Моделирање на 3D форми(Bottle and bowls)
Опис: Tinkercad e бесплатен дигитален алат наменет заизработка и уредување на 3Д модели кои покасно можат да се испечатат на 3Д печатач. Едноставен и интуитивен е за користење на сите корисници и дизајнери, наставници и ученици како би можеле својата фантазија да ја претворат во модел. Мојот модел може да им послужи на наставниците по математика и техничко образование. Учениците може да го видат дадениов модел од различни перспективи.
Јазик: Македонски
Моделирање на 3D форми (table and chair)
Опис: Tinkercad e бесплатен дигитален алат наменет заизработка и уредување на 3Д модели кои покасно можат да се испечатат на 3Д печатач. Едноставен и интуитивен е за користење на сите корисници и дизајнери, наставници и ученици како би можеле својата фантазија да ја претворат во модел. Мојот модел може да им послужи на наставниците по математика и техничко образование. Учениците може да го видат дадениов модел од различни перспективи.
Јазик: Македонски
Моделирање на 3D форми (amazing wrench)
Опис: Tinkercad e бесплатен дигитален алат наменет заизработка и уредување на 3Д модели кои покасно можат да се испечатат на 3Д печатач. Едноставен и интуитивен е за користење на сите корисници и дизајнери, наставници и ученици како би можеле својата фантазија да ја претворат во модел. Мојот модел може да им послужи на наставниците по математика и техничко образование. Учениците може да го видат дадениов модел од различни перспективи.Може да ја одберат опцијата долу лево “View in 3D“ и да го вртат моделот како сакаат.
Јазик: Македонски
Тест-Алгебра(равенки,системи,неравенки)
Опис: Тестот е за 9то одделение и е изработен во Microsoft Forms. Оодговорите се со повеќечлен избор.
Јазик: Македонски
Тест(квиз) за 7 одд.-Геометрија(Агли на трансверзала, триаголник, 3Д форми, трансформации и складни триаголници)
Опис: Тестот е изработен во Microsoft Forms со повеќечлен избор, но ии со запишување на одговорот
Јазик: Македонски