Маја Виденовиќ


Институција: ОУ „Крсте Мисирков“ Скопје
Лични сајтови:
http://www.maltaict.blogspot.com/
Кратка биографија: Маја Виденовиќ е наставник по информатика во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје. Се залага за доживотно учење и смета дека најдобар начин за подигање на квалитетот на образованието е преку споделување на искуства, идеи и добри практики меѓу наставниците. Работи постојано на своето професионално усовршување преку разни обуки, семинари, работилници, конференции и слично. Има учествувано во над 10 интернационални конференции и има изготвено 15 труда кои се однесуваат на интеграција на технологијата во наставата. Таа е мастер обучувач на различни теми кои се однесуваат на иновативна примена на ИКТ во образованието, формативно, сумативно оценување и слично. Последни проекти во кои Маја е мастер обучувач се: програмата „Училишта на 21от век“, која има за цел развој на критичко и креативно размислување кај учениците, како и вештини за кодирање; како и користење на Националната платформа за учење на далечина. Таа е надворешен соработник на БРО, како член на работна група за развој на наставни програми за „Работа со компјутер и основи на програмирање“. Како локален експерт била вклучена и во проектот за Професионален и кариерен развој на наставниците, каде учествувала во изготвување на стандарди и компетенции за наставници, наставници ментори и наставници советници, и критериуми за напредување во звања. Учествува во над 30 интернационални проекти преку мрежата на eTwinning, а е училишен координатор на неколку Erasmus+ проекти. Маја Виденовиќ е Leading Codeweek Teacher, eTwinning Ambassador, Scientix Ambassador, Microsoft Innovative Education Expert, обидувајќи се да вклучи што е можно повеќе наставници во овие проекти, да ги инспирира и мотивира наставниците за иновативно користење на технологија. Таа е еден од основачите на здружението „Центар за иновации и дигитална едукација“, чиј главен фокус е изнаоѓање на различни начини за континуиран професионален развој на наставниците и обезбедување на квалитетна настава, со посебен акцент на креирање виртуелни околини за учење и користење на едукативни игри во наставата. Маја Виденовиќ е дел и од инизијативата „Наука за деца“, чија цел е поттикнување и поддршка на дигиталното образование во Македонија преку промоција на дигитални ресурси.
Приказна во Scratch - работа со настани
Опис: На учениците им се презентира готова програма во Scratch: приказна на тема „Безбедно користење на Интернетот“. Заедно се анализира програмата, начинот на кој е креирана, и користењето на настани во истата. Се дискутира за постапката на изготвување на приказната. Потоа учениците самостојно креираат приказни со користење на настани.
Јазик: Македонски
Дигитален отпечаток - квиз
Опис: Kahoot квиз - дигитален отпечаток
Јазик: Македонски
Веб страница и веб сајт
Опис: Учениците се запознаваат со поимите веб страница и веб линк и разликата помеѓу нив. Споредуваат URL адреса и Интернет адреса. Анализираат елементи на Интернет адреса и издвојуваат информации кои може да се дознаат од Интернет адресата
Јазик: Македонски
Web quest - изработка на брошура во Word
Опис: Користејќи web quest учениците се поттикнуваат на активно учество нa часот. Истражуваат за најпосетуваните зимски ски центри и од пронајдените информации треба да креираат брошура во Word
Јазик: Македонски
Структура за повторување во Scratch - задача
Опис: Учениците треба да креираат движење во облик на буквата V во вселената со боите на виножитото. При тоа со менување на одредени вредности се забележуваат ефектите во програмата. Преку анализирање на кодот учениците ги совладуваат наредбите во Scratch. Вежбата е преземена од https://inventwithscratch.com/book/ и адаптирана
Јазик: Македонски
Музика со Micro:bit
Опис: Учениците учат како да кодираат програми за мзуичко образование користејќи го Micro:bit. Разгледуваат готов пример на песна - Македонско девојче
Јазик: Македонски
Игра со Micro:bit
Опис: Учениците изготвуваат игра со Micro:bit, програма која содржи комбинација од структури и вклучува настани. Учениците се водат низ процесот на изработка на програмата, започнувајќи од основни наредби за движење, преку циклуси, структура за избор, до настани. Во прилог е дадена крајната игра
Јазик: Македонски
Решавање логички натпреварувачки задачи - тест
Опис: Тестот содржи логички натпреварувачки задачи преземенеи од www.bebras.org (CC BY-NC-SA 3.0). Притоа е внимавано истите да ги опфатат различните вештини: апстракција (AB), алгоритамско размислување (AL), декомпозиција (DE), евалуација (EV) и генерализација (GE)
Јазик: Македонски