Ангелче Гушев


Институција: ССОУ “Коле Неделковски“ Велес
Лични сајтови:
http://www.kineziologija.mk
Кратка биографија: Професорот Ангелче Гушев е роден во Велес на 24 септември 1972 година. Основно и средно образование завршува во Велес. На Факултетот за физичка култура при Унивезитетот “Св. Кирил Методиј” дипломира во 1996 година. Негови предизвици во делот на кинезиологијата (наука за движењата) се ракометот, сплаварењето, рафтингот, моутбајк велосипедизмот, планинарењето, логорувањето, спортската ориентација во природа и развојот на неформалното образование на младите како светски тренд. Работел во неколку основни училишта во Велес. Моментално работи како професор по спорт и спортски активности при ССОУ “Коле Неделовски” во Велес. Има издадено голем број на пишани дела за работа со млади и прирачници за кинезиологија, ориентација во природа, логорување и проектно работење. За неговото општествено ангажирање добитник е на голем број на признанија, меѓу кои се Инструкторските вудбеџ ознаки (втор степен) од страна на Светската организација на скаутското движење, 9то Ноевриската плакета на Општина Велес, Благодарница од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Плакета на извидники одред “Димитар Влахов” и голем број на дипломи, благодарници и сертификати. Соработува со голем број на домашни и странски фонадации, со кои реализира проектни активности наменети за младите во Велес, а со тоа го промовира неформалното образование. Со ракометна екипа на ССОУ “Коле Неделковски” како нејзин тренер бил прв на ниво на сите средни стручни училишта во Македонија (2009), втор во државата во категорија младнинци (2009) и втор на Гимназијадата Скопје 2010. Во периодот 2007 – 2011 е член на Извршниот одбор на Сојузот на спортови на Велес и претседател на комисијата за Програма на сојуз и целосно е вклучен во програмските активности на Сојузот на училишен спорт во Велес.Барајки нови предизвизвици со група истакнати кајакари ветерани ја возобновува Вардарска регата “Гемиџии“, која што благодарејќи на Општина Велес стана бренд на градот со што го врати сплаварењето и пловењето по реката Вардар. Усовршувајќи ги своите знаења професорот Ангелче Гушев во периодот ноември 2012 – ноември 2014 година ги посетува последипломските студии на Првиот приватен факултет “ФОН Универзитет – факултет за спорт и спортски менаџмент“ – насока: Истражувања во образовниот процес во Скопје. На овој универзитет на 17.11.2014 год. под менторство на проф. д-р Магдалена Дамјановска го брани неговиот магистерски труд “Разлики во морфолошкиот и моторниот статус помеѓу учениците од средно-стручно и гимназиско образование“. Со ова авторот на овој сајт се стекнува со титулата магистер по спорт.
Наставен час: Мерење на моторички способности кај учениците
Опис: Наставен час: Мерење на моторички способности кај учениците https://www.youtube.com/watch?v=D-caUg60f2c
Јазик: Македонски
Наставен час: Мерење на антропометриски карактеристики на учениците
Опис: Наставен час: Мерење на антропометриски карактеристики на учениците
Јазик: Македонски