Јелена Мандиќ


Институција: ООУ"Вук Караџиќ"
Лични сајтови:

Кратка биографија: Одделенски наставник во ООУ"Вук Караџиќ"-Кумановo. Креатор на неколку едукативни филмови секоја година во неколку категории на Меѓународниот училишен фестивал KREF со освоени прва, втора и трета награда. Учесник со постер презентации на Еду Конференција на наставници и информатичари, како и презентер на интерактивна книга на Балканска конференција организирана од Здружението на најдобри наставници од поранешна Југославија. Реализатор на работилницата под наслов „Букви испреплетени со броеви се до формирање на името на сликовницата“ на Еду конференцијата. Активен учесник со свој придонес во креирање едукативни игри на националната веб-платформа за македонскиот образовен систем во организација на SmartUp - Лабораторија за социјални иновации финансирана од Владата на Велика Британија. (во склоп на Едуино). Учесник секоја година на Европската недела на кодирање (EU Code Week) поддржана од Европската комисија со поставена активност на нивниот блог. Учесник на натпреварот „Мајкрософт“ за најиновативни наставници од Македонија во рамките на „Microsoft CEE MIXathon Challenge“ во Македонија. Училишен тренер и наставник ментор во програмата Математика за размислување во основните одделенија. Училишен обучувач за македонската национална платформа за далечинско учење. Успешен наставник за добра наставна пракса од Фондацијата Отворено општество Македонија. Обучувач во Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ за јазична писменост „Читаме учиме и се забавуваме“ и математичка писменост „Математика +“. Финалист на натпреварот за Најдобра едукативна игра „Ајде да научиме за НАТО“ во рамките на Children@Game.Edu.Nato. Активист во Центарот за дијалог во Нансен Скопје (Интеркултурен ресурсен центар). Активна на многу вебинари и на светски конференции online како што се T4 World Education, Балканска зборница и многу други..
Одржување лична хигиена во време на Ковид-19
Опис: Преку мултимедијална содржина учениците учат и повторуваат за лична хигиена како да ја одржуваме во време на Ковид-19
Јазик: Македонски