Марија Пискачева


Институција: ООУ,,Коле Канински''-Битола
Лични сајтови:
https://mac-makedonskijazik.blogspot.com/
Кратка биографија: Наставник по македонски јазик во основно училиште, веќе од 2014 година имам креирано свој блог,електронска платформа преку која комуницирам со моите ученици .На мојот блог , можат да се најдат интересни образовни ресурси со содржини од наставните единици кои на часовите ги обработувавме од шесто до деветто одделение.Блогот е поделен на делови по сите програмски подрачја кои се изучуваат по овој наставен предмет, на него можат да се најдат презентации, наставни листови, тестови,обработка на лектири,конкурси, квизови, видеа,награди, вежби,проекти и други содржини поврзани со наставниот предмет.Преку моите образовни ресурси се обидувам да воведам нов правец во изучувањето на мајчиниот јазик, модерен пристап ,преку иновативни методи -креативни видео -презентации кои изгледат како еден вид цртани филмови.Образовните ресурси се креирани со цел да им го задржат вниманието на учениците на часовите, да ги мотивирам, да уживаат во изучувањето на мајчиниот јазик преку интересни приказни и секако да им биде забавно на часовите по македонски јазик.Содржините на ресурсите вклучуваат интеграција на повеќе предмети ...поврзување на мајчиниот јазик со другите предмети (историја, географија, странски јазици, етика, етика на религии, музичко и ликовно образование,математика...)Го избегнувам класичниот начин на настава , но не значи дека не го применувам. Искуствата со овие нови техники и методи покажаа одлични резултати кај учениците, мотивирани се, ангажирани и со внимание ги следат моите часови... Продолжувам и понатаму да креирам нови часови,образовни ресурси,со нови идеи,а најголема инспирација ми се моите ученици од кои имам најголема поддршка и тие ми се мојата мотивација, изворот на нови идеи...ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ МАГИЈА!
Пишување расказ
Опис: Насоки за пишување расказ -на дадена тема
Јазик: Македонски
Неологизми
Опис: Интерактивна презентација за неологизми ( учениците ги препознаваат неологизмите кои ги користат во секојдневната комуникација со другарчињата) Во презентацијата се опишани секојдневни ситуации ,комуникација која редовно ја користиме во секојдневниот живот не забеклежувајќи дека користиме неологизми Учениците го знаат значењето на неологизмите
Јазик: Македонски
Вежби за неологизми
Опис: Учениците го откриваат значењето на неологизмите преку интерактивни вежби со поврзување, препознавање и толкување
Јазик: Македонски
Нелични глаголски форми
Опис: Учиме од граматиката на македонскиот јазик преку приказната за Ана и Марко... креативна видео презентација за неличните глаголски форми.
Јазик: Македонски
Драма-Видови драма
Опис: Видео презентација за драма и видовите на драма. Запознавање со драмата како литературен род и одделните видови на драма
Јазик: Македонски
Опис на пејзаж-четири годишни времиња
Опис: Образовен ресурс од изразување и творење.Запознавање со пејзаж. Опишување на пејзаж. Часот е интегриран со ликовно образование и музичка уметност
Јазик: Македонски
Радиоемисија и телевизиска емисија
Опис: Образовен ресурс од медиумска кутура- Запознавање со медиум, медиуми ,радио и телевизорот како уреди на кои се пренесуваат радиоемисии и телевизиски емисии
Јазик: Македонски
Елегија (лирска песна)
Опис: Запознавање со особеностите на елегијата,автори кои пишувале елегии преку песна,, Елегии за тебе “-Кочо Рацин Повторување за лирски песни -елегии. Интерпретација на песната. Содржинска анализа на песната. Анализа на песната со техники од јазична писменост
Јазик: Македонски
Реченичен член предмет
Опис: Креативна видео презентација, запознавање со реченичен член предмет, препознавање на предметот во реченицата и негова функција
Јазик: Македонски
Квиз за главни реченични членови
Опис: Проверка на знаењата за главни реченични членови
Јазик: Македонски
Театарска претстава - Царевата нова облека (модерна верзија)
Опис: Бајките на Андерсен во 21 век"(Создаваме модерни бајки,како би изгледале бајките на Андерсен ако би биле напишани сега, драматизација на бајка)
Јазик: Македонски
Броеви
Опис: Граматика-интерактивна презентација со бубамари за изучување на менливите зборови-броеви
Јазик: Македонски
Зборови според лексичкото значење
Опис: Запознавање со речник и стил и зборови според лексичкото значење преку интересни примери и креативни вежби со сликички
Јазик: Македонски
Глаголот во лично глаголска форма во функција на прирок
Опис: Видео презентација -учиме за глаголот во лично глаголска форма во функција на прирокк-интеграција со биологија преку реченици за верверичката
Јазик: Македонски