Дигитални книги: МОН велат дека нацрт-законот e пратен во Собрание, Комисијата сè уште нема закажано седница

Комисијата за европски прашања на Собранието на Северна Македонија нема закажано собраниска седница во врска со предлог-законот за книги и други дидактички и наставни материјали за основните и средните училишта, кој предвидува и дигитализација на книгите за учениците од четврто одделение, пренесувa „Порталб.мк“.

[Read more…]

Стручното образование сè попривлечно за новите средношколци

Што да се избере, гимназија или стручно училиште? Ако до пред извесно време, мнозинството деветтоодделенци избираа да учат во гимназија наместо во стручно училиште, по четирите дена од првиот уписен рок, впечатокот е дека нештата полека се менуваат. Некои од стручните училишта го бележат најдобриот упис во последната декада, а некои гимназии пак, за прв пат по подолго време не ги пополнија сите слободни места во првиот уписен рок. Таков е случајот со гимназијата „Орце Николов“, каде што има место за уште дваесетина ученици.

[Read more…]

Дигитална безбедност и сигурност во настава на далечина – вебинар

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Дигитална безбедност и сигурност во настава на далечина, со почеток во 15:30 часот, на 24 јуни (четврток), 2021 година.

Обучувач на овој вебинар е Филип Нешкоски, магистер по индустриско инженерство и менаџмент, моментално Раководител за оперативна поддршка во Фондацијата Метаморфозис, Скопје со повеќе од 15 годишно работно искуство во граѓанскиот сектор. [Read more…]

Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата – 15 јуни 2021 од 10:00 – 11:30

Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организира Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата на 15 јуни 2021 од 10:00 – 11:30 преку ZOOM. [Read more…]

Царовска: Огромна благодарност до наставниците, учениците и родителите, оваа учебна година беше предизвик на кој заеднички успешно одговоривме

Министерката за образование и наука Мила Царовска со видео обраќање се заблагодари на наставниците, учениците и родителите за успешно завршената учебна година во вонредни услови поради пандемијата. Учебната 2020/2021 претставуваше предизвик на кој заеднички успеавме да одговориме. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени, што за сите нас претставуваше најголема грижа. Сето ова немаше да биде возможно без несебична поддршка и помош од наставниците и родителите.

[Read more…]