Царовска: Училиштата засега остануваат отворени, мерките го дадоа очекуваниот ефект

Сите мерки кои ги спроведовме ценам дека се добри и го дадоа очекуваниот ефект. Се почитуваат правилата и можеме да констатираме дека училиштата не се трансмитери на вирусот. Имаме помалку од еден процент заразени ученици и наставници во училиштата. Така што, сега засега тие остануваат отворени за учениците од прво до трето одделение и за оние ученици од погорните одделенија каде има можност да се следи настава во училница. За секоја промена, јавноста навремено ќе биде известена, вели во интервју за МИА министерката за образование и наука Мила Царовска.

[Read more…]

Oбразованието на децата со атипичен развој со многу пречки и проблеми

Пред и за време на пандемијата, децата со атипичен развој поминуваат низ образовен процес кој треба да им понуди еднакви можности за едукација и развој. Сепак, искуствата покажуваат дека има слабо платени образовни асистенти, кои се и лични асистенти, наставници и педагози, без доволен број материјали. Истовремено, наставниците се необучени и не знаат што да прават со атипичните деца. Родителите, пак, се наоѓаат во маѓепсан круг како детето да биде прифатено во училиште и како да ги развива своите способности, наместо општеството да ја гледа само попреченоста.

[Read more…]

Заврши конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020“

Конкурсот за „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020“ кој имаше за цел да ја истакне важноста на користењето отворени образовни ресурси во наставниот процес, и да ја промовира наставничката професија, официјално е затворен за пријавување.

[Read more…]

Поради стереотипни и дискриминаторски содржини, МОН го повлече учебникот за петто одделение по македонски јазик

Министерството за образование и наука соопшти дека го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина.

„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма“ велат од МОН, потенцирајќи дека продолжуваат со силни реформски процеси кои ќе обезбедат квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.

Од МОН исто така информираа дека во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Мета.мк

МОН: Регистрирани се 40 ученици и 52 наставници позитивни на ковид-19 кои оделе на настава со физичко присуство

Помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со ковид-19. Согласно овие податоци, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). [Read more…]