Ден на наставата на турски јазик – 21 декември

Денес е државниот празник Ден на наставата на турски јазик – 21 декември, неработен ден за сите припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

По повод овој празник, во официјална посета на нашата држава е претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, кој ќе ја отвори изложбата „Турското стреличарство низ историјата“ во Куршумли ан. Изложба е организарана од Институтот „Јунус Емре“ и Фондацијата на стрелци на Република Турција. Наставата на турски мајчин јазик во Република Северна Македонија има долга традиција, која започнува во 1944 година, кога за првпат се спроведува настава на турски јазик во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје.

Ви го честитаме празникот, и ви посакуваме успешна учебна 2020/2021 година!

БРО: Учениците ќе учат историја, но на начин прилагоден на нивната возраст

Нема да дозволиме нашите ученици да не се стекнат со знаења од историја, географија или содржини од друга научна дисциплина, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и начин кој го претставува светот, процесите и појавите во неговата поврзаност и единство. Ова е ставот на надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО), по најавите за новата концепција на основното образование, а посебно по најавите за спојување на неколку предмети во еден.

[Read more…]

Со новата програма за образование за животна средина, младите ќе учат за климатските промени

Денеска, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за труд и социјална политика заедно со Шведската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ го најавија отпочнувањето на нова програма за децата насочена кон унапредување на образованието за животната средина и климатските промени.

[Read more…]

„Вовед во дигитална безбедност и заштита“ – бесплатен вебинар за наставници и родители

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот на тема „Вовед во дигитална безбедност и заштита“ кој ќе се одржи на 18 декември од  15:00 – 16:40 часот.

За време на вебинарот учесниците ќе можат да научат да воочуваат сомнителни онлајн активности (на пример, фишинг мејлови), соодветно да го анализираат нивниот дигитален отпечаток, ќе дознаат за разните нивоа и слоеви на сајбер-безбедноста и заштитата на приватноста, и ќе можат да ги карактеризираат нивните најслаби алки во однос на безбедноста (вклучително и на нивните организации).

[Read more…]

Процесот на признавање странски дипломи и образовни квалификации отсега ќе се спроведува и електронски

Процесот на дигитализација на образованието како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и Министерството за образование и наука (МОН) со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор, меѓу другото подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните, информираат од МОН.

[Read more…]