Видео-предизвик за младите: учествувајте и добијте Go Pro Hero 7!

Фондацијата Метаморфозис објавува CtrlZ предизвик за кратко видео на тема: Животот на младите по појавата на ковид-19.

Можат да учествуваат сите заинтересирани млади лица од 13 до 24 години.

Сè што треба да направите е да креирате кратко видео поврзано со тоа како ќе изгледаат секојдневните активности на младите по завршувањето на ковид-19 епидемијата. Како ќе изгледа образовниот процес, полагањето испити, потоа дружењето, прославите на родендени, забавите во диско, одењето во кино, на кој начин ќе се одвиваат состаноците со партнерите, летните и зимските одмори, како ќе се спортува. [Read more…]

Археолошкиот музеј објави онлајн тура низ локалитетот „Тумба Маџари“

Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија објави онлајн тура на отворениот музеј “Неолитското село” во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој е затворен за посетители согласно здравствените протоколи поради корона вирусот.

[Read more…]

Адеми за наставата од септември: Подготвени сме за било какво сценарио

Обуки за наставници во летниот период и градење на инфраструктура за евентуално продолжување на онлајн наставата во новата учебна година, најави министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес-конференција на презентирани новите уредби за младите. Според него, тие се спремни за било какво сценарио од 1 септември.

[Read more…]

Јавна расправа за изработка на Концепцијата за инклузивно образование

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнаа јавна консултација за изработката на Концепцијата за инклузивно образование.

Креирањето на концепцијата е дефинирано во новиот Закон за основно образование, а Нацрт-верзијата е достапна за преземање на следниов ЛИНК. [Read more…]

Подгответе го вашиот пасош за вселенскo патувањe – избор од образовни ресурси за деца

Дали ве интересира истражување на вселената? Можеби слатки, или необични животни? Или пак, едноставно сакате да играте забавни квизови – можеби да откриете кој истражувачот од минатото сте биле вие.

Активности за деца на веб страницата National Geographic Kids

[Read more…]