Едукативни факти преточени во 27 цртежи

На 21 и 22 октомври, 20-тина деца на две едукативни ликовни работилници организирани од Метаморфозис, за време на фестивалот за млади „Џифони Македонија“, илустрираа пораки со интересни едукативни факти, користејќи темперни бои и фломастери.

Ви ги претставуваме цртежите на овие талентирани деца. [Прочитај повеќе…]

Ново анимирано видео за македонските пари

Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот на кратки анимирани видеа изработени во рамките на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“. Како и претходните две, „Брзина на звук“ кое беше инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова видео се претставени едукативни факти, овој пат поврзани со македонските пари. [Прочитај повеќе…]

Често поставувани прашања за Отворени образовни ресурси

Што се отворени образовни ресурси?
Концептот за Отворени образовни ресурси (ООР) ги опфаќа сите образовни ресурси, вклучувајќи ги и наставните програми, материјали од курсеви, учебници, онлајн-видеа, мултимедијални програми, поткасти, како и секаков друг материјал кој е дизајниран за употребување во настава и при учење, кои се бесплатно достапни за употреба од страна на наставници и ученици, без потребата од плаќање надомест за авторски права или такси за лиценца. [Прочитај повеќе…]

Често поставувани прашања за Отворен пристап

Што претставува отворениот пристап?
Отворениот пристап претставува достапност на научно-истражувачки содржини, бесплатно, преку интернет. Најпозната и најлесно изводлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа. [Прочитај повеќе…]