Дигитален архив на македонскиот јазик

На 6 ноември во Скопје беше промовирано фототипското издание на „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од американскиот професор по славистика на универзитет Харвард,  Хорас Г. Лант. Ова воедно е и убав повод до делот на ресурси за ООР да го претставиме и приопштиме дигиталниот архив на македонскиот јазик.
[Read more…]

Што знаете за брзината на звукот?

Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот.  [Read more…]

Википедија – презентација и прирачник

Кога се зборува за отворени образовни ресурси, еден од најважните проекти во оваа област е проектот на отворената енциклопедија, Википедија. Обемот на знаење, информации, содржини од речиси сите области на науката, историјата, технологијата, популарната култура, и други, ја правата Википедија уникатен проект со нерпоценливо значење од глобален карактер. [Read more…]

Јутјуб како ООР

Кога се зборува за отворени образовни ресурси (ООР), видео сервисот „Youtube“ е речиси неодминлив. Можностите за слободно споделување на видео содржини и ефикасната употреба на визуелната комуникација го прават „Youtube“ извонредна алатка за сите образовни намени и пригоди. [Read more…]

ООР во наставата во Македонија

Погодноста на отворените образовни ресурси не се состои само во нивно користење како готов образовен материјал. ООР можат да се употребат на различни начини кои го подобруваат, прошируваат и збогатуваат наставниот процес и интерактивноста со учениците.

[Read more…]