Кој ги промовира и унапредува ООР?

Иако ООР имаат академски и истражувачки историјат, нивните принципи се најпрецизно дефинирани од страна на ООН и УНЕСКО, кои имаат цел пошироко да ги промовираат предностите и придобивките од нив. Целта е да се олесни пристапот до средствата за едукација и да се надмине јазот помеѓу богатите и сиромашните земји, и слоеви во самите земји. Правото на образование и достапност до средствата за едукација е едно од најважните права на човекот за кое општествата мора да водат грижа. Покрај Обединетите нации и УНЕСКО, некои од поголемите подржувачи на активностите во прилог на ООР се „Организацијата за економски развој и соработка“ (OECD), голем број престижни универзитети, помеѓу кои и споменатиот „MIT“ и многу други. [Read more…]

Какви се состојбите во Македонија?

Покрај технологизацијата на училиштата и другите образовни институции, во Република Македонија присутни се одредени активности и проекти кои ги допираат идеите и концептите на ООР. Еден од нив е проектот за бесплатни учебници кој се одвива од учебната 2009/2010. Сепак, овие активности наидуваат на низа проблеми, а се забележува и недоволна координираност на државата, невладиниот сектор и меѓународните организации и фондации за да активностите овозможат побрза реализација на „отвореното образование“. [Read more…]

Каде е границата помеѓу слободни информации и заштитени авторски содржини?

Интернетот е огромна ризница на информации и содржини од секаков тип. Колку и да се лесно достапни овие информации, повеќето од нив не можете да ги користите слободно, а тоа да биде легално или без одредени ограничувања. Причината за ова се важечките авторски права кои стриктно одредуваат како можат да се користат содржините од интернет и кои содржини не смеат да се умножуваат и дистрибуираат. Сликите, фотографиите, видео материјалите, аудио записите, и така натаму, во најголем број се покриени со авторски права кои оневозможуваат легално да ги менувате или прилагодувате за ваши потреби, да ги делите на своите ученици и слично. За овие содржини мора да се бара дозвола или да се плати одреден надомест. Слична е состојбата и проблемите со печатените материјали. [Read more…]

Отворените образовни ресурси како дел од отвореното движење

Во текот на 20-от век се појавија многу „отворени“ филозофии и модели на кои им се заеднички желбата за слободно споделување, спречувањето на создавањето дупликати, избегнувањето рестриктивни авторски права, промоцијата на економска ефикасност и зголемувањето на пристапот до засегнатите страни. [Read more…]

„Криејтив комонс“ и отворените образовни ресурси

Светските искуства покажуваат дека со постапни законски подобрувања и рилагодувања, можно е да се помират и координираат овие два навидум непомирливи пола, т.е. слободната дистрибуција и заштита на авторското право. Како пример за една од поуспешните формули е  системот на лиценци уреден  од страна на „Creative Commons“ (www.creativecommons.org), а кој се применува и во Македонија (http://cc.org.mk/). „Криејтив комонс“ пак, го подразбира слободното користење на т.н. Криејтив комонс лиценци од страна на уметниците, авторите, развивачите, кои сакаат дел од своите авторски права да ги задржат за себе, а дел да ѝ ги остават на публиката, на тој начин стимулирајќи поголема промоција и корисност на делумно заштитените дела. Вака гледано, јасна е поврзаноста помеѓу филозофијата на која се базираат ООР и Криејтив комонс. Тие не само што концепциски се доближуваат, туку и меѓусебно соработуваат. [Read more…]