Која е целта на отворените образовни ресурси?

Развојот на информатичкото општество и информатичката технологија придонесе да се смени начинот на кој се одвива образовниот процес и отвори нови можности во едукацијата. Во исто време новите можности претставуваат предизвик за досега користените начини за одвивање на образовниот процес кои стануваат еден вид бариера кон побрзи промени. ООР се обидуваат да ги надминат овие бариери кои се јавуваат во форма на авторски права, селективен пристап, сложени регулации, кориснички пречки и слично. [Read more…]

Кус историјат на ООР

Самиот концепт на ООР се надоврзува на поимот на Дејвид Вајли (David Wiley) за „отворена содржина“ (open content, англ.) промовирани во 80-те и 90-те години од XX-от век. Оваа негова кованица ја проширува идејата дека постои врска помеѓу движењето за отворен софтвер и движењето кое се залага за отвореност на содржините и нивно користење, особено во образованието. Вајли активно учествувал во создавањето на широко прифатената отворена лиценца за содржини „Open Publication Licence“, која олеснува достапност до материјалите и содржините. [Read more…]

OOР во светот

Иако ООР имаат академски и истражувачки историјат, нивните принципи се најпрецизно дефинирани од страна на ООН и УНЕСКО, кои имаат цел пошироко да ги промовираат предностите и придобивките од нив. Целта е да се олесни пристапот до средствата за едукација и да се надмине јазот помеѓу богатите и сиромашните земји, и слоеви во самите земји. Правото на образование и достапност до средствата за едукација е едно од најважните права на човекот за кое општествата мора да водат грижа. [Read more…]

Како да примените отворени образовни ресурси во наставата?

За образовни цели можеме да ги искористиме низа можности и материјали кои ги нуди интернетот.

На пример, кога се изведува наставата може да се употребуваат достапни содржини од различни области кон кои учениците и студентите можат да се навраќаат по потреба и желба и со тоа на значителен начин ќе го олеснат процесот на усовјување на одредени информации и знаења. Образованието се ослободува од рестрикциите на тоа да биде „затворен процес“ во самите институции, туку и добива можности за свое ширење и споделување по потребите и интересите на сите инволвирани во тој процес. [Read more…]

Како помагаат ООР?

Земено глобално различни земји се различно технолошки развиени и во различен степен успеваат ефикасно да ја применат технологијата во образовни цели. Сепак, постојат некои споделени тешкотии и проблеми кои ги поврзуваат поголемиот број земји и прашањата околу стекнување и споделување на знаењата: [Read more…]