Второ кратко анимирано видео кое нè учи на отворено споделување на знаењето

Минатата недела, на меѓународната конференција е-Општество.мк беше промовирано второто од серијата кратки анимирани видеа за промоција на концептот отворени образовни ресурси и споделување на знаењето. Видеото се вика „Правопис“ и низ куса шеговита приказна пренесува една честа сцена од секојдневието, потсетувајќи нè колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното.

[Прочитај повеќе…]

Одбележување на неделата на отворен пристап

 Одбележување на неделата на отворен пристап На 24 октомври, во салата за превод и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје се одржа настан за промоција на отворениот пристап во Македонија. Настанот го одбележаа презентациите на проф. д-р Владимир Трајковски од Филозофскиот факултет, Димитар Попоски, докторанд на отсекот за информациски науки во Загреб, Ирина Шумадиева и Сеад Џигал, координатори на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија“. [Прочитај повеќе…]

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованието

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованиетоВеќе се наѕира она што Бил Гејтс го предвиде околу иднината на образованието. Имено, во текот на едно интервју во 2010-та година, тој изјави дека за 5 години, најдоброто образование  во светот ќе можете да го стекнете на интернет. Истовремено, Гејтс предвиде и бавна смрт на универзитетите засновани на локација, односно прибирањето на студентите во кампуси и сл. Платформата Coursera е токму олицетворението на застареноста на конвенционалното образование.

[Прочитај повеќе…]

Зошто онлајн-образованието се стекна со револуционерен моментум?

Налетот за креирање големи и бесплатни онлајн предавања создаде вознемиреност во универзитетите низ светот. Со намалените финансии, како и со напливот од придвижување кон учењето онлајн, универзитетите се приморани набрзина да ги менуваат вековните образовни модели. Денес, изразите историски, земјотресно и револуционерно се појавуваат  во описот на предизвиците со кои високото образование ќе се соочува во наредните години. [Прочитај повеќе…]

Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ презентиран во Приштина

Како дел од четиридневната конференција за слободен софтвер и сродни трендови во сферата на знаењето, која се одржа 7-10 септември во Приштина, Косово, претставник од Метаморфозис во рамките на куса работилница ги претстави иницијативите за отвореност на науката и образованието кои се преземаат во Македонија. [Прочитај повеќе…]

Мултимедијални содржини за безбедност и приватност на децата на интернет достапни на 5 јазици

Игра: Зависност од четВо рамките на проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, се направи јазична адаптација на мултимедијалните ресурси за едукација и подигнување на свеста на децата во врска со потенцијалните опасности на интернет. [Прочитај повеќе…]

Краток анимиран филм за сајбернасилство

Анимираниот филм „Силеџија“ зборува за честата појава на заплашување меѓу младите со користење на мобилни телефони и интернет.

Филмот е изработен како дел од проект за подигнување на свеста за приватноста на интернет, додека јазичните верзии се развиени како дел од проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и регионот Долна Нормандија.
[Прочитај повеќе…]

Донесена Париската декларација за ООР 2012

На светскиот конгрес за отворени образовни ресурси одржан во УНЕСКО, Париз, 20-22 јуни 2012, беше донесена Париската декларација за ООР 2012, која се повикува на повеќе претходни релевантни меѓународни декларации. [Прочитај повеќе…]

Водич за отворени образовни ресурси на албански јазик

Водич за отворени образовни ресурси на албански јазикСедмиот „Водич за ИКТ“ на Метаморфозис е за сите, бидејќи секој што сака да учи и да стекнува нови знаења може да има корист од него. Овој водич им е наменет и на оние кои го создаваат и сакаат да го споделуваат знаењето во секоја форма со цел да го направат подостапно и пораширено.

Низ овие страници можете да се запознаете со концептот отворени образовни ресурси и сродните иницијативи, состојбата во Македонија, да прочитате примери и добри практики од нивната примена во светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Целта е да научиме и веднаш да го примениме знаењето.

Преземи го водичот

Водич за отворени образовни ресурси на македонски јазик

Водич за отворени образовни ресурси на македонски јазикСедмиот „Водич за ИКТ“ на Метаморфозис е за сите, бидејќи секој што сака да учи и да стекнува нови знаења може да има корист од него. Овој водич им е наменет и на оние кои го создаваат и сакаат да го споделуваат знаењето во секоја форма со цел да го направат подостапно и пораширено.

Низ овие страници можете да се запознаете со концептот отворени образовни ресурси и сродните иницијативи, состојбата во Македонија, да прочитате примери и добри практики од нивната примена во светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Целта е да научиме и веднаш да го примениме знаењето.

Преземи го водичот