Прогласување на победници на конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“

Со големо задоволство ве известуваме дека на ден 20.11.2020 (петок) со почеток од 13:00 часот ќе се одржи краток онлајн настан преку платформата Zoom, каде ќе ги објавиме победници на овогодинешниот конкурс „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“.

На настанот ќе се обратат Ќендреса Сулејмани, програмска директорка во Фондацијата Метаморфозис, и Наташа Анѓелеска, постара програмска координаторка во Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Ве покануваме да се вклучите на настанот, преку следниов линк: https://techsoupglobal.zoom.us/j/98766442200