Кога не одговараат на мејл, студентите им се обраќаат на професорите преку социјалните мрежи

Во услови кога студентите преку електронските алатки ги следат предавањата, а и на тој начин ги полагаат испитите и колоквиумите, многу важен сегмент е комуникацијата што ја остваруваат со професорите и асистентите. Дел студентите успеваат да одржат двонасочна комуникација со нив, но во случај кога имаат потешкотии тоа да го направат преку e-mail, комуникацијата се сведува на социјалните мрежи или пак, преку телефонска врска.

„Мета.мк“ разговараше со неколку студенти во врска со тоа кои алтернативи ги користат доколку не успеат да искомуницираат со професорите за дадениот предмет. Студентката Евгенија Јовановска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје вели дека иако на нејзината катедра се прилично постара генерација на професори, сите се снаоѓаат со онлајн часовите, но проблемот е што професорите или не одговараат воопшто или многу доцна одговараат на мејловите испратени од студентите.

„Еднаш се случи да пропуштам предавање бидејќи професорката испратила мејл во 11 часот вечер со линк за часот. Друг пат имаше ситуација воопшто да не ми стигнал меилот со линк за часот, или пак мејл со материјали кои што ми се потребни за наредниот час. Во тој случај мора да се снаоѓаме меѓу колегите, на што исто така не можеш многу да се потпреш, бидејќи не секој ќе сака да ти помогне“ изјави за „Мета.мк“, студентката Јовановска.

Како што појаснува таа, најголем проблем имала по еден предмет од нејзината катедра за кој одминал првиот академски месец додека го слушне првото предавање.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Мета.мк