Како да лиценцираме образовни ресурси со помош на Криејтив Комонс?

Лиценцирањето на авторски трудови со отворени, Криејтив Комонс лиценци, е постапка која е бесплатна, едноставна, и брза. Преку користењето на лиценци од отворен формат, помагаме во промовирањето на нашата работа, и промовирањето на концептот на отворено образование за сите ученици.

Секој образовен ресурс, било тоа да е квиз, лекција, учебник, план за спроведување час, итн., може да се лиценцира со отворена лиценца. Преку користење на Криејтив Комонс отворените лиценци, даваме до знаење на сите останати наставници и наставнички дека оваа лекција или квиз е слободна за користење, бесплатна и отворена – единствено што треба да се направат е да го наведат оригиналниот автор при користењето.

По создавањето на вашиот образовен ресурс, на пример презентација, потребно е да ја додадете лиценцата Криејтив Комонс, која вообичаено се додава на самиот почеток или самиот крај (првиот или последниот слајд). Со оваа постапка се осигуруваме дека вашиот образовен ресурс е всушност отворен образовен ресурс. Како да го направиме тоа?

Првин ја посетуваме страницата https://creativecommons.org/choose/ . На првата страница се наоѓаат четири одделни коцки со црн раб. Во првата коцка со наслов „License Feature“, потребно да одговориме на следните две прашања:

  1. Allow adaptations of your work to be shared?, со три можности за одговор: „Yes“,  „No“, и  Yes, as long as others share alike“.

  2. Allow commercial uses of your work? со две можности за одговор: „Yes“ и „No“.

Идеално е двете прашања да ги одговориме со „Да“ – така добиената лиценца се смета за најотворена.

Потоа, веднаш под коцката „License Features“ се наоѓа коцката „Help others attribute you!“ каде има текст обележан со сино („This part is optional, but filling it out will add machine-readable metadata to the suggested HTML!“) – го кликнуваме овој текст (прикажано на сликата подолу)

По кликнување на реченица, ќе отвораат повеќе полиња за пополнување – најважно е да ги пополниме првите две – Наслов на делото, односно „Title of work“, и Наведи извор – име, односно „Attribute work to name“. 

Називот на лекцијата, и име и презиме на автор ги внесуваме ние, сè друго е компјутерски генерирано според одговорите на прашањата. Со внесувањето на информациите, автоматски се менува лиценцата од десната страна (коцката со назив „Have a web page?“) (прикажано на сликата подолу)

Потоа, ја копираме реченицата (copy-paste) од самата веб страница, во нашите ресурси. Лиценцата е самата реченица, односно во нашиот пример лиценцата гласи: Тест-лекција by Петко Петковски is licensed under a Creative Commons Attribution 4.0 International License. Може да направиме и copy-paste и на малечката сива икона (CC), како дополнителен визуелен елемент.
Толку! Со внесувањето на реченицата, нашиот образовен ресурс стана отворен образовен ресурс. Следно, споделете ги вашите отворени образовни ресурси со остатокот од заедницата, и помогнете во развојот на културата на отвореност, и отворено образование за сите ученици.