Истражување: состојбите и предизвиците за спроведување онлајн настава во основните училишта

Како последица на кризата, во изминатиот период неминовно опадна квалитетот на образованието што го добиваа учениците во основното образование, но не за сите ученици подеднакво. Постоечките економски нееднаквости кои беа пречка и пред самата криза, уште повеќе се заострија и дополнително придонесоа за разликата во квалитетот на образованието. За жал, во РСМ сè уште постојат училишта во кои интернет-пристапот е несоодветен, а ИКТ-инфраструктурата е во лоша состојба или пак воопшто ја нема.

 

Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси, поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), спроведе истражување за состојбата со онлајн наставата, фокусирано на основните училишта во нашата земја. Целта на ова истражување беше да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во РСМ во периодот март – јуни 2020 година, и преку емпириски сознанија да се дадат релевантни препораки за подобрување на состојбата и адресирање на идентификуваните предизвици.

Се надеваме дека анализата на прибраните податоци и препораките дадени во овој документ ќе придонесат за подобрување на состојбата со онлајн наставата, на задоволство на сите засегнати страни.

Целосното истражување можете да го преземете на овој линк.