Адеми за наставата од септември: Подготвени сме за било какво сценарио

Обуки за наставници во летниот период и градење на инфраструктура за евентуално продолжување на онлајн наставата во новата учебна година, најави министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес-конференција на презентирани новите уредби за младите. Според него, тие се спремни за било какво сценарио од 1 септември.

„Мислам дека и во услови на пандемија и вонредна состојба, образовната надградба на нашите деца и млади продолжи и навистина резултатите се охрабрувачки. Додека трае летниот период, секако дека се подготвуваме да бидеме што поспремни за почетокот на учебната година, и за било какво сценарио веќе сме подготвени“, рече тој во одговор за Радио МОФ.

Според него, позитивен показател е тоа што учебната година завршила на 10 јуни, односно во предвидениот рок.

„Наша желба и очекувања се дека новата учебна година ќе започне во училишните клупи, учениците во нормални услови да ја започнат новата училишна година“, нагласи Адеми.

Но, дотогаш, посочи тој, е формирана работна група од меѓународни соработници и раководители на образовни институции со кои ги разгледуваат предлозите и опциите.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Радио МОФ, автор: Емилија Петреска