Криејтив Комонс фотографии – дополнителни ресурси за слободна употреба

На следната веб страница https://ccsearch.creativecommons.org/ можете да најдете алатка за пребарување низ илјадниците бесплатни, отворени фотографии кои можете да ги искористите во вашите образовни ресурси! Се што треба да направите е да подесите неколку параметри (на пример, формат во кој барате ресурсот да се прикаже) и да внесе клучен збор.

Пример за пребарување на Криејтив Комонс, повеќе информации на https://ccsearch.creativecommons.org/

„Криејтив Комонс пребарување“ е алатка која овозможува отворено лиценцираните, и делата од јавен домен да бидат откриени и користени од сите. Криејтив Комонс, организацијата која го создаде „CC Search“, е создавач на лиценци за CC, користени над 1,4 милијарди пати за споделување знаење и креативност преку интернет.

„CC Search“ пребарува низ повеќе од 300 милиони слики од отворени API и базата на податоци на Common Crawl. Тоа го надминува едноставното пребарување за да се соберат резултатите во повеќе јавни складишта во еден каталог и го олеснува повторното користење преку функции како автоматски генерирани ознаки, и означување-со-еден-клик.

Во моментов „CC Search“ пребарува само слики, но планираме да додадеме дополнителни типови медиуми, како што се отворени текстови и аудио, со крајна цел да обезбедиме пристап до сите 1,4 милијарди лиценцирани CC дела од јавен домен на интернет. Дознајте повеќе за визијата, стратегијата и насоките на CC за CC 2019 и погледнете на што работиме моментално. Целиот наш код е со отворен пристап (CC Search, CC Catalog API, CC Catalog) и ние го поздравуваме придонесот на заедницата.

Криејтив Комонс не потврдува дали сликите се правилно лиценцирани за CC, или дали припишувањето, и другите информации за лиценцирање што ги имаме агрегирано се точни или целосни. Ве молиме, самостојно проверете го статусот на лиценцата и информациите за припишување пред да ја користите содржината. За повеќе детали, прочитајте ги Условите за употреба на CC.