Активностите со училиштата во рамки на проектот „Отворени Образовни Ресурси“ одат онлајн!

По препораката на Комисијата за заразни болести при Министерството за Здравство, и затворањето на сите основни училишта, тимот кој го спроведува проектот „Отворени Образовни Ресурси“ во Фондацијата Метаморфозис започна со онлајн фокусирани активности поврзани со наставниот кадар од училиштата. Будно ќе ја следиме ситуацијата, и препораките од надлежните институции, па штом се овозможат безбедни услови за спроведување на обуките и презентации, ООР активностите во училиштата ќе продолжат.

Дотогаш, остануваме во комуникација и соработка со наставниот кадар преку веб сајтот www.oer.mk, каде може слободно да се преземаат ООР, и секако, да се прикачуваат и споделуваат оригиналните, авторски ресурси, се разбира, соодветно лиценцирани со Криејтив Комонс лиценците.

Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис, со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.