Отворени образовни ресурси помеѓу препорачаните алатки за дигитално учење на УНИЦЕФ

Заложбите за квалитетно, отворено, и бесплатно образование за сите, преку користење на слободни и отворени образовни ресурси ги делат повеќе организации и поединци во светот. Претставништвото на UNICEF во С.Македонија е една од тие организации. УНИЦЕФ С.Македонија одржуваат нивна листа на препорачани бесплатни дигитални алатки за учење на далечина, како поддршка за сите едукатори кои во овој период се приморани наставата да ја изведуваат онлајн, и истата во добар дел е оставена на нивната креативност и иницијатива. На оваа листа беше додадена и нашата веб страница, http://oer.mk/, како платформа за соработка и споделување на отворени образовни ресурси.

Тимот на ООР во рамки на Фондацијата Метаморфозис останува посветен на подобрување на квалитетот на образованието за сите ученици, преку користење на отворени образовни ресурси, и иновативни алатки и технологии. Поддржете ги нашите напори преку потпишување на Декларацијата за Отворени образовни ресурси, и следете ја нашата фејсбук страница.