Продолжуваат презентациите и работилниците за ООР во основните училиштата низ Северна Македонија

На 4, 5 и 6 ноември 2019, тимот на Метаморфозис ги посети основните училишта „Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане, „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари и „Дитурија“ во селото Љубин. Овие посети, на кои најпрво се одржува презентација на концептот отворени образовни ресурси, а потоа следи интерактивна работилница, се дел од проектот Отворени Образовни Ресурси кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис. Преку ваквите посети, наставниот кадар на училиштата се запознава со ООР, нивната корисност и употреба во училницата.

Работилницата што следува по презентацијата е од интерактивен карактер и цели кон изработка на лични отворени образовни ресурси соодветно заштитени со Криејтив Комонс лиценци. Обучувачите го запознаваат присутниот наставен кадар со начините и алатките преку кои тие можат да создадат отворени ресурси, но и да ги заштитат со лиценца. Во секоја од работилниците посебен осврт се дава на создавање отворени образовни ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворено Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.