Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Апел до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје по повод објавувањето на Правопис на македонскиот јазик

oer logce transparentno

Минатата недела беше промовиран новиот „Правопис на македонскиот јазик“ од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, кој е достапен за купување во печатена верзија. Со оглед на тоа дека се работи за образовно средство изработено со јавни пари, постои одлична основа тоа издание да биде достапно до целата јавност во дигитална форма, преку интернет, во форма на отворен образовен ресурс.

Фондација „Метаморфозис“ и Алијанса за отворени образовни ресурси апелираат до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да овозможи пристап до правописот во дигитална форма, бесплатно, како отворен образовен ресурс за сите граѓани на Македонија, кои како даночни обврзници веќе имаат платено за овој труд, а и за луѓето од целиот свет кои се заинтересирани за правописот на македонскиот јазик.

Отворени образовни ресурси (ООР) се образовни средства и содржини кои се слободни за употреба. Тоа се образовни алатки кои се бесплатни и можат без никаков надомест да се користат во едукативни и во истражувачки цели. Покрај тоа, ООР се слободни и за дистрибуција врз претходно дефинирани авторски и сопственички права, кои промовираат слободна дистрибуција и го овозможуваат умножувањето на овие алатки.

Отвореното образование е светско движење кое влијае на создавање политики во ЕУ чијашто цел е да стимулираат висококвалитетни, иновациски начини на учење и на настава преку дигиталните технологии и содржини, со мерки на ниво на ЕУ и на национално ниво, на пр., поддршка за институциите за учење, наставниците и на учениците од сите возрасти во стекнувањето дигитални вештини, со воведување нови методи за учење.

 

* Алијансата за отворени образовни ресурси е отворена група на поединци, организации, институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигнување на свеста и на капацитетот на академската и на научната јавност за создавање и за користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија.

Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ има цел да влијае на подигнување на свеста и на капацитетот на академската јавност за создавање и за користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија. Спроведувач на проектот е Фондацијата „Метаморфозис“.

Кажи што мислиш на темава

*