Амазон ќе лансира бесплатна алатка за полесен пристап за наставниците до отворени образовни ресурси

book_publishingАмазон, една од компаниите која ја поддржува кампањата #GoOpen на Министерството за образование на САД, минатиот месец објави дека тестира алатка која би им помогнала на наставниците да најдат и користат отворени образовни ресурси (ООР).

Од компанијата се надеваат дека платформата наречена „Амазон Инспирира“ (“Amazon Inspire”) ќе биде пуштена во употреба до мај годинава. На почетокот од месецов, компанијата покани одбрани наставници да ја тестираат првичната верзија на платформата.

„Амазон планира наставниците да можат да прикачуваат, управуваат, споделуваат и откриваат ресурси што на некој начин потсеќа на системите на Амазон за прегледување и купување“, вели ЕдСрџ (EdSurge).

„Платформата ќе овозможи да се пребаруваат содржини со назначување ознаки на метаподатоци организирани од Learning Registry, кој претставува федерален обид за собирање податоци и за тоа како дигиталните ресурси се создаваат и користат“.

Според Ендру Џонсон, коосновач на ТенМаркс (TenMarks) и заменик претседател за стратегиски односи на Амазон Еџукејшн (Amazon Education), оваа алатка ќе биде целосно бесплатна.

ООР се во центарот на вниманието уште од моментот кога Министерството за Образование ја објави својата голема #GoOpen кампања во октомври.

Неодамна, американското Министерство за образование го објави развојот на апликацијата за отворени е-книги (Open eBooks app) која овозможува пристап до книги, вредни 250 милиони американски долари, во чијашто дигитална библиотека се бесплатни за користење.

Второто годишно истражување на ТЕС Глобал (TES Global) за наставници и технологија укажа дека овие обиди функционираат. Резултатите од студијата покажуваат дека околу 75% од наставниците во САД рекле дека почесто користат ООР отколку учебници.

Извор: Education world