Archives for март 2016

Полска е пионер со првата државна програма за отворени учебници во светот

polandoerПолска стана првата држава во светот која поддржа национална програма за државен отворен учебник. Години на труд и залагање од поборниците на отворено образование ја поттикнаа минатата влада да усвои две иницијативи за отворени учебници, едната конкретно за првите три години од образованието, другата севкупно за основното и средното образование. [Read more…]

Тројца од четворица учители во САД велат дека отворените образовни ресурси се користат повеќе и од учебниците

14875f9TES Global“, компанијата за дигитално образование и дом на најголемата мрежа на онлајн учители во светот, неодамна ги објави резултатите од нивната втора годишна анкета на тема: Учителите и технологијата. Спроведена во јануари и февруари 2016, анкетата собираше ставови за технологијата во училниците од речиси 1,000 учители во САД. [Read more…]

Амазон ќе лансира бесплатна алатка за полесен пристап за наставниците до отворени образовни ресурси

book_publishingАмазон, една од компаниите која ја поддржува кампањата #GoOpen на Министерството за образование на САД, минатиот месец објави дека тестира алатка која би им помогнала на наставниците да најдат и користат отворени образовни ресурси (ООР). [Read more…]

Започнува Недела на отворено образование 2016

oew2016Неделата на отворено образование, која оваа година се одвива од 7 до 11 март, претставува глобален настан кој има за цел да го покрене интересот за бесплатно и слободно споделување во образованието и придобивките кои учителите и учениците би ги имале со истото. [Read more…]

Апел до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје по повод објавувањето на Правопис на македонскиот јазик

oer logce transparentno

Минатата недела беше промовиран новиот „Правопис на македонскиот јазик“ од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, кој е достапен за купување во печатена верзија. Со оглед на тоа дека се работи за образовно средство изработено со јавни пари, постои одлична основа тоа издание да биде достапно до целата јавност во дигитална форма, преку интернет, во форма на отворен образовен ресурс. [Read more…]