Archives for февруари 2016

Победници на изборот за Нај ООР наставник за 2015 година

На изборот за Нај ООР наставник за 2015 година, кој траеше до 31 јануари 2016 година, во кој учествуваа 9 наставници, а својот глас го дадоа 589 гласачи, за Нај ООР наставници беа избрани:

  • Роза Китрозоска, ООУ „Единство“ Октиси, Струга – изгласана од членовите на Алијансата за ООР
  • Тања Метикош, ООУ „Дане Крапчев“ Скопје – избрана од стручна жири комисија

Наградата за победниците на изборот е учество на втората Едуконференција за наставници и информатичари 2016 која ќе се одржи во периодот 1 – 3 април, 2016 година во Хотел Дрим, Струга.