Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Одржана презентација на Анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси

^4D8C791881A7CAD7136C844AD473586E4C35883CC1209E8DFF^pimgpsh_fullsize_distrНа 26.01.2016 година, со почеток во 11.00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје, се одржа презентација на Анализата на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси.

Презентацијата ја отвори претставник од Метаморфозис, кој даде краткок вовед во проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“, како и во активностите кои претходеа и ја мотивираа оваа Анализа. Потоа авторот, д-р Климе Бабунски ја презентираше анализата која опфаќа четири закони: Законот за основно образование, Законот за средно образование, Законот за учебници за основно и средно образование, како и Законот за авторско право и сродни права, а овозможува и согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони.

Analiza OOR

 

Авторот нагласи дека една од најголемите промени во процесот на образованието е појавата на концептот за отворени образовни ресурси, а некои од клучните заклучоци кои произлегуваат од истата, а беа истакнати за време на презентацијата, се:

  • Позитивно во постојниот образовен систем е тоа што образованието има статус на јавно добро и концепциски создава одредена основа, односно не ги затвора можностите за отворен пристап до образовни ресурси. Но, отворениот пристап до учебниците не е јасно дефиниран дел од образовната политика и не е состојба на свест.
  • Сегашниот нормативен концепт на образовниот систем, како и практиките, не го оптимизираат образованието во контекст на дигитализација на општеството.
  • Според Законот за учебници, планот и програмата за соодветното одделение и предмет, како основа за подготвување на секој учебник, ја предлага Бирото за развој на образование, а ја утврдува или потврдува Министерот за образование и наука. Оттука, Бирото за развој на образованието треба да предводи во отворањето на учебниците.
  • Креативната моќ на учебникарството e одредена од авторите, а токму авторите имаат клучна позиција во образованието.
  • Умножувањето, како материјално право е од суштинско значење за слободниот пристап до учебници. Законот за авторски и за сродни права ги прифаќа придобивките на информатичката технологија и упатува дека умножувањето може да се врши и преку „складирање на делото во електронски облик“.
  • Хармонизацијата на чинителите на отворениот пристап до образовни ресурси, а во прв ред отворениот пристап до учебници, треба да почне со законско и со програмско дефинирање во рамки на образованието. Во дефинирањето треба да учествуваат државни, стопански, професионални и граѓански организации. Само на овој начин отворениот пристап ќе стане состојба на заедничка свест.

Главните препораки кои беа презентирани се:

  • Во Законот за авторско право и за сродни права да се вгради норма за авторство во контекст на јавен интерес и на јавни финансии како координативни точки на отворениот пристап, од една страна, и од друга страна, да се унапреди заштитата на авторството и на сродните права, но да се унапреди и правото на отворен пристап до такви дела, особено кога се работи за образовни средства.
  • Паралелно, во Законот за учебници, треба да се востанови норма за отворениот пристап до учебници, како оптимално остварување на јавниот интерес во образованието.
  • Законски дефинираниот отворен пристап до учебници треба да стане сегмент во плановите, програмите и во концептите што Бирото за развој на образованието ги создава во рамки на учебниците и на другите образовни средства, на пример, работните тетратки.
  • Воведувањето на „отворениот пристап“ како еден од основните принципи во учебникарството треба да резултира и со јасна координирана политика, која ќе опфати различни, институционални и неинституционални субјекти, но секогаш во центарот на таквата политика ќе бидат авторите и нивните права.
  • Отворениот пристап соодветно на техничките можности и стандарди (на пример: Web 2.0) треба да ја поттикнува комуникацијата и креативноста, деформализирајќи го односот учител – ученик и создавајќи основни услови за посуштинска и посеопфатна дигитализација на образованието.
  • Законската и подзаконската нормираност на отворениот пристап до учебниците треба да иницира концепциско редефинирање на порталот „е-учебници“.

 

Analiza OOR1

Анализата, која е достапна за преземање во електронска форма на македонски и англиски јазик, е мотивирана од неколкугодишната работа на полето на отворени образовни ресурси и препораките добиени од работната група за отворени образовни ресурси составена од членовите на Алијансата за отворени образовни ресурси.

Алијансата за отворени образовни ресурси е отворена група на поединци, организации, институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигање на свеста и капацитетот на академската и научната јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија.

Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ има за цел да влијае на подигање на свеста и капацитетот на академската јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија. Спроведувач на проектот е фондацијата Метаморфозис.

Кажи што мислиш на темава

*